Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Видео:Потпишан Меморандум и Договор за соработка помеѓу здружението на пензионери и ЕЛС Делчево

Печати PDF

IMG 4204_resize

Денес (петок 07.12.2012 год) во кабинетот на градоначалникот на општина Делчево беа потпишани Меморандум и Договор за соработка помеѓу Здружението на старосни, семејни, инвалидски и други пензионери од Делчево и Градоначалникот Горан Малешевски.

Во рамки на целите на потпишаниот Меморандум за соработка се опфатени повеќе точки кои се однесуваат продуктивна соработка помеѓу општината и здружението на повеќе полиња (културата, спортот и социјалните работи), се со цел за обезбедување на подобар квалитет на живот на пензионерите во општина Делчево.Исто така Меморандумот вклучува и соработка во рамки на заедничката реализација на различни проекти, промовирајки принципи на одржлив развој, како и размена на различни искуства во насока на промоција на соработката меѓу овие две институции.

IMG 4212_resize

Потпишаниот Договор за соработка се однесува на поголем обем на активности од кои позначајни се иницијативата за реконструкција на   постојните простории на Здружението на пензионери од Делчево обезбедување на нови простории кои ќе бидат дадени на користење на ова Здружение од страна на општина Делчево. Во насока на подобрување на соработката општина Делчево се обврзува во рамки на своите можности со своите човечки, техничи и финансиски капацитети за успешно спроведување на годишната програма на Здружението, како и развој и спроведување на заеднички проекти во иднина на долгорочен план. Исто така во насока на промоција на општина Делчево и активно вклучување на здружението на пензионери на Делчево во настани организирани во Делчево како и надвор од Делчево општината се обврзува да покрива дел од финансиските трошоци за вакви активности во кои ке биде вклучено ова здружение, по претходно постигнат договор, меѓу двата субјекти.

Обврските на Здружението на пензионери се однесуваат на домаќинско и одговорно управување и користење на просториите дадени на користење од страна на општината и/или АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Република Македонија; подготовка и усогласување на годишната програма на Здружението во рамки на Годишната програма на работа на градоначалникот и општинската администрација; учество на организирани настани од страна на општина Делчево; како и учество во развој и имплементација на заеднички проекти за подобрување на квалитетот на живеење на пензионерите во Делчево.

Потпишувањето на овие два документи е од огромно значење како за развојот на работата на општина Делчево, така и за развој и надградување на работата на Здружението на пензионери од Делчево, поради фактот што соработка на вакво ниво во минатото многу малку била практикувана и реализирана во Делчево.

 


Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2276
mod_vvisit_counterВчера2458
mod_vvisit_counterОваа недела2276
mod_vvisit_counterПретходна недела16605
mod_vvisit_counterОвој месец50841
mod_vvisit_counterПретходен месец62812
mod_vvisit_counterВкупно2952117

Присутни online: 39
Ваша IP: 3.227.254.12
,
Денес: Сеп 23, 2019