Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Средба на млади активисти од Делчево со градоначалникот Малешевски

Печати PDF

S83045361 resize

Во четврток 06.12.2012 година општина Делчево беше домаќин на средба на група на млади активисти во невладиниот сектор во Делчево со вработените во општинската администрација.

S8304509 resize

Во рамките на програмата учиме право, членови на младинскиот образовен форум имаа средба со вработените во одделението за правни работи при општина Делчево. Оваа програма успешно се спроведува неколку години во повеќе градови во Република Македонија. При вчерашната посета, членовите на „Учиме право клуб“ од средното училиште од Делчево, имаа можност поблиску да се запознаат  и да научат за локалната самоуправа, органите во состав на локалната самоуправа, како и големото значење на локалната самоуправа и нејзината улога во демократското општество. На овој начин преку Младинскиот образовен форум, градоначалникот Малешевски и општина Делчево спроведуваат уште една важна мерка за суштинско приближување на институциите на Република Македонија кон самите граѓани и нивно анимирање и директно инволвирање во креирањето на програмата.

Оваа соработка со млади активисти во невладиниот сектар во Делчево и градоначалникот Малешевски произлегува од основните заложби на градоначалникот за што поголема комуникација со сите формални и неформални групи на граѓани, како и искажаната подготвеност за соработка по основ на различни иницијативи што произлегуваат од овие групи на граѓани, од општ интерес на граѓаните во општина Делчево.

S8304535 resize

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2267
mod_vvisit_counterВчера2458
mod_vvisit_counterОваа недела2267
mod_vvisit_counterПретходна недела16605
mod_vvisit_counterОвој месец50832
mod_vvisit_counterПретходен месец62812
mod_vvisit_counterВкупно2952108

Присутни online: 36
Ваша IP: 3.227.254.12
,
Денес: Сеп 23, 2019