Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Заврши изградбата на мостот на река Желевица во село Тработивиште

Печати PDF

IMG 5808_resize

По пет месечни градежни изведувачки работи, деновиве заврши изградбата на новиот мост на реката Желевица кај село Тработивиште.

Изградбата на овој мост следуваше по претходно поднесувана иницијатива од страна на жителите на селото Тработивиште во изминатите повеќе децении на егзистирање на ова село, и по спроведена постапка од страна на општина Делчево во рамки на годишната програма за работа на Градоначалникот Горан Малешевски. Улогата и значењето на овој проект е огромно како во секојдневниот живот на жителите на село Тработивиште така и од стратешко значење за руралниот развој на општина Делчево.

IMG 5794_resize

Изведувач на градежните работи е АД Гранит од Скопје со сретства од Буџетот на општина Делчево како и сретства од Владата на Република Македонија преку Агенцијата за подршка на земјоделието и рурален развој на РМ.

Износот на чинење на овој проект е 3.030.930,00 мкд износ со пресметан ДДВ од 18%.

IMG 5793_resize

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2273
mod_vvisit_counterВчера2458
mod_vvisit_counterОваа недела2273
mod_vvisit_counterПретходна недела16605
mod_vvisit_counterОвој месец50838
mod_vvisit_counterПретходен месец62812
mod_vvisit_counterВкупно2952114

Присутни online: 38
Ваша IP: 3.227.254.12
,
Денес: Сеп 23, 2019