Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Голема предновогодишна забава за најмладите во Делчево

Печати PDF

IMG 6108_resize

Во сабота 29.12.2012 година со почеток во 11.00 часот, пред просториите на општина Делчево, градоначалникот на општина Делчево г-дин Горан Малешевски во соработка со голем број на компании од Делчево и пошироко, за најмладите во општината приреди незаборавна предновогодишна забава.

Во рамки на 90-тина минути центарот на Делчево беше претесен за да ги прими сите дечиња кои присуствуваа на оваа веќе традиционална предновогодишна манифестација која се одржува 4-ти пат по ред, откако за првпат беше иницирана и одржана во  2009 година како дел од културната програма на градоначалникот на општина Делчево.

IMG 6115_resize IMG 6119_resize

Оваа четврта година по ред на дечињата од основните училишта од Делчево како и останати дечиња од предучилишна возраст  пред спомен домот АСНОМ од страна на Дедо Мраз им беа поделени вкупно над 1500 новогодишни пакетчиња. Во изминатите неколку данови исто така на сите дечиња од ОЈУДГ Весели цветови од Делчево исто така им беа поделени новогодишни пакатчиња за време на повеќедневните новогодишни приредби и забави кои беа реализирани.

IMG 6124_resize IMG 6148_resize

Целокупниот фонд на новогодишни подароци беше набавен со сретства од голем број на спонзори од приватниот сектор во општина Делчево како и дел од буџетот на општината.

Во рамки на денешниот настан учество зедоа повеќе млади таленти пеачи и интерпретатори на детски песнички, кои и дадоа посебен белег на свежина и уживање на целата манифестација.

IMG 6186_resize IMG 6270_resize

Толку радост, толку свежина и детска смеа во центарот на  Делчево стана редовна слика секоја година во предвечерието на прославата на новата година , но и во рамки  на поголем број на манифестации и настани кои се организираат од страна на општинската администрација во текот цела година.

Градоначалникот на општина Делчево во оваа прилика упатува огромна благодарност за сите учесници во овој спектакуларен ден во кој неколку илјадници луѓе беа дел од оваа прекрасна атмосфера, a особено до волонтерите на Дебатниот клуб на млади и членовите на групата Локални младински иницијативи од Делчево, како и до Дедо Мраз,  - г-динот Роб кој на некој начин пристигна од Соединетите Американски Држави специјално за оваа прилика и долеа дополнителен жар и шарм на целокупната восхитувачка атмосфера. Секако првенствено почитта треба да биде упатена и кон приватните стопанственици од Делчево кои со своите донации овозможија сите присутни дечиња дома да си заминат со новогодишно пакетче.

IMG 6221_resize IMG 6228_resize IMG 6229_resize

Оваа манифестација беше совршен начин на најмладите во општина Делчево преку забава и меѓусебна дружба да им се честита новата година, со надеж и желба среќата и радоста како и денеска да ги прати и во иднина. 

Оваа традиција дефинитивно во иднина заслужува да добие и свое унапредување и развивање во уште помасовен настан, со поголем број на содржини, како за дечињата за кои првенствено им е наменета, така и за нивните родители, роднини и пријатели, кои се и тоа како заинтересирани за присуство и дружење во овие предновогодишни и еуфорични денови, исполнети со срека, забава и смеа.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2269
mod_vvisit_counterВчера2458
mod_vvisit_counterОваа недела2269
mod_vvisit_counterПретходна недела16605
mod_vvisit_counterОвој месец50834
mod_vvisit_counterПретходен месец62812
mod_vvisit_counterВкупно2952110

Присутни online: 35
Ваша IP: 3.227.254.12
,
Денес: Сеп 23, 2019