Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Среќна Нова 2013 година

Печати PDF

Во името на досегашната меѓусебна доверба и соработка искажана на сите полиња од делокругот на работа на општина Делчево, Градоначалникот на општина Делчево, г-дин Горан Малешевски на сите граѓани на општина Делчево, како и сите македонци, каде и да се им посакува, многу радост, среќа и бериќет во новата 2013 година.

Годината зад нас претставуваше своевидна афирмација и потврда на заложбите и напорите на општинската администрација во Делчево за подигање на стандардот на живеење и унапредување на животот на граѓаните на општината. Оваа констатација е посилна уште повеќе поради фактот што изминатата 2012 година во огромна мерка беше година на зголемена соработка и комуникација со граѓаните на општината. Таа обемна соработка резултираше со голем број на реализирани проекти кои беа иницирани токму од граѓаните, кои имаат директна потреба од истите, воспоставувајки демократски систем на утврдување на приоритети и динамика на реалиозација на сретствата од Буџетот на општина Делчево, како и сретствата од други фондови каде општина Делчево аплицираше.

Во таа насока општина Делчево разви широк фронт на ангажман во унапредувањето на директната соработка како со месните и урбаните заедници во Делчево, така и со различни целни групи и сектори на соработка, превенствено со бизнис заедницата, граѓанските организации и останати групи и поединци.

Токму овој вид на работа ке добива своја надградба и унапредување и во иднина, се со цел за градење на подобро и просперитетно општество, од што бенефит ке имаат сите граѓани на општина Делчево.

Со желба за успех, напредок и меѓусебна почит и разбирање, општина Делчево и Градоначалникот Горан Малешевски Ви ја честита новата 2013 година.

Иднината е таква каква што самите ние ке ја изградиме.

Среќни и весели новогодишни и божиќни празници на сите.

 

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2272
mod_vvisit_counterВчера2458
mod_vvisit_counterОваа недела2272
mod_vvisit_counterПретходна недела16605
mod_vvisit_counterОвој месец50837
mod_vvisit_counterПретходен месец62812
mod_vvisit_counterВкупно2952113

Присутни online: 38
Ваша IP: 3.227.254.12
,
Денес: Сеп 23, 2019