Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Етно седенка

Печати PDF
Завршниот дел од реализацијата на проектот “Сино, жолто, зелено-творам, постојам“ на ЗРА “Пијанечки глас“ Делчево, се одвиваше во етно стил во просториите на Спомен домот АСНОМ и истиот носеше назив “На етно седенка“. Во првиот дел од развивањето на проектот покрај другите активности беше претставено , недвижното културно наследство, па така овој настан беше обмислен за промоција и афирмација на духовното.
Сега беа опфатени групи на изворни инструменти, поединци, пеачи на изворен мелос, а воедно за поздравување е учеството на групата “Леб и вино“ - Елена, Јане и Александар Каменарови од град Мелник општина Сандански, Р. Бугарија кои многу го збогатија настанот со нивните настапи, а малиот Александар беше најмал и мошне успешен во своето претставување. Сите овие учестници беа облечени во народна носија а членовите на Здружението - учесници во проектот носеа, сини, жолти и зелени мајци.
Седенката започна со излагањето на традиционалните јадења. Најпрво на неколку места во групи се послаа “бабините черги“, врз кои се редеа софрите со зготвените јадења (зелници, баници, боденици, качамак, подлучени пипарки, матеница, оцетарка со лук, краставица и пипер, пијанечка ракија...), а околу трпезата се седеше на троножни столчиња. Учесниците со изворните инструменти и пеачките групи и поединци, исполнуваа изворни песни и ора и во исто време се гостеа од поставената етно трпеза.
Во исто време на сите учесници им беа доделени по еден Алманах, ЦД и ДВД подготвени од проектот. На крајот се прејде во сеопшта прослава како што тоа се правело во подоцнежното минато во нашиот Пијанец, со ора и песни на изворни инструменти: тапан, ќемене, гајда...
Коорганизатор на настанот беше НУЦК “Н.Ј.Вапцаров“ Делчево.
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2464
mod_vvisit_counterВчера2141
mod_vvisit_counterОваа недела7485
mod_vvisit_counterПретходна недела19305
mod_vvisit_counterОвој месец65671
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3321197

Присутни online: 38
Ваша IP: 3.230.148.211
,
Денес: Фев 26, 2020