Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Се одложува реализацијата на Четвртата Пијанечко-малешевска свадба

Печати PDF
Културната манифестација “Пијанечко-малешевска свадба“ оваа година нема да се одржи бидејќи избраните младенци на конкурсот го откажаа своето учество во манифестацијата. Маријана Мулачка и Крумче Михајловски изјавија дека од семејни причини го откажуваат учеството во манифестацијата.
Поради временскиот теснец и краткиот рок за објавување на нов конкурс, Организациониот одбор на манифестацијата донесе Заклучок да се одложи одржувањето на Четвртата “Пијанечко-малешевска свадба“, но со напомена дека традицијата нема да се прекине туку таа ќе продолжи наредната година за што ќе претходат потемелни подготовки со цел настанот да биде беспрекорно организиран.
Инаку, традиционалната делчевска свадба како културен настан има за цел да ги негува традиционалните свадбарски обичаи и нив да го стави како туристичка понуда од регионов, а изминативе години оваа манифестација прерасна во културен бренд на Источна Македонија.


Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес11
mod_vvisit_counterВчера2556
mod_vvisit_counterОваа недела7588
mod_vvisit_counterПретходна недела19305
mod_vvisit_counterОвој месец65774
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3321300

Присутни online: 37
Ваша IP: 3.230.148.211
,
Денес: Фев 27, 2020