Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Воспоставена соработка со Општина Рача, Р. Србија

Печати PDF
Делегација на Општина Делчево, предводена од градоначалникот Горан Малешевски, престојуваше во работна посета на Општина Рача, Р. Србија на покана на градоначалникот на оваа Општина. Целта на посетата е да се воспостави соработка на полето на бизнис-секторот, културата, спортот, но и да се разменат искуства за значајни проекти од областа на инфраструктурата, водоснабдувањето, канализационите системи, прочистителни станици и слично.
Делегацијата од Општина Делчево во чиј состав, освен претставници од Општина Делчево беа и претставници од бизнис-секторот и од Домот на културата “Н.Ј.Вапцаров“ од градот, имаше ретка можност да се запознае со ресурсите со кој располага општина Рача, начинот на кој функционира и се финансира општината, но за и искуствата и предизвиците со кој се соочува.
Покрај работниот дел, делегацијата се запозна со културно-историските знаменитости во регионот на Рача и присуствуваше на меѓународната манифестација “Караѓорѓеви средби“.
На средбата беше договорена возвратна посета на претставници од Општина Рача на Општина Делчево со цел да продолжи соработката со конкретни проекти што ќе придонесе за заеднички настап пред трети донатори.
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2398
mod_vvisit_counterВчера2141
mod_vvisit_counterОваа недела7419
mod_vvisit_counterПретходна недела19305
mod_vvisit_counterОвој месец65605
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3321131

Присутни online: 32
Ваша IP: 3.230.148.211
,
Денес: Фев 26, 2020