Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Делчево домаќин на Отворениот забавен фудбал

Печати PDF
Во Делчево по осми пат, од 14 август до 18 август 2009 година се реализираше Отворената забавна фудбалска школа на која учество зедоа околу 200 младинци од Делчево и Македонска Каменица. Фудбалската школа ја водеа 16 тренери обучени по стандардите на забавната школа. Целиот проект, покрај донацијата од Cross Cultures Project Association, Копенхаген (CCPA) во соработка со Фудбалскиот Сојуз на Норвешка (NFF) во фудбалски топки, маици, капи и друг вид на опрема, е финансиран и од Општина Делчево и Општина М. Каменица. Младите фудбалери го учеа фудбалот по основната идеја на овој “фан концепт“ на фудбалските стадиони во Делчево и М.Каменица, развиени по концептот кој потекнува од Данскиот Фудбалски Сојуз. Она што е важно е аспектот на играта, задоволството кое произлегува од играњето, а не резултатот и подобрувањето на нивото на вештините. Многубројните вежби и игри се димензионирани така што овозможуваат повеќекратно доживување на мали успеси кај секој од учесниците. Во тек на неделата децата живеат низ фудбал, концентрирајќи се и внесувајќи се во играта во целост.
Open Fun Football Schools треба да се сфатат како додаток на важната работа која ја извршуваат фудбалските клубови. Целта не е да се развиваат и јакнат талентираните играчи, туку да им се овозможи на децата едно богато и вредно искуство во игата со топка, како и да се промовира играта, да се пронајдат нови играчи и да се развие нивниот талент.
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2507
mod_vvisit_counterВчера2141
mod_vvisit_counterОваа недела7528
mod_vvisit_counterПретходна недела19305
mod_vvisit_counterОвој месец65714
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3321240

Присутни online: 40
Ваша IP: 3.230.148.211
,
Денес: Фев 26, 2020