Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Земјоделците се подготвуваат за европските пари

Печати PDF
Одделението за локален економски развој (ЛЕР) и јавни дејности при Општина Делчево се стави на располагање на граѓаните и на  земјоделците од општината за давање на информации во подготвувањето на апликациите за добивање на европски пари во областа на земјоделството. Во декември 2009 година се очекува Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој да го објави првиот повик во рамки на ИПАРД (Инструмент на Европската Унија за претпристапна помош во областа на руралниот развој) за прибирање на проекти од областа на земјоделството и руралниот развој.Расположливите средства за овој повик изнесуваат 2,1 милиони евра и постои можност за аплицирање по 3 мерки.
Во првата мерка или Мерка 101 се вбројуваат  инвестиции во земјоделски стопанства за реконструирање и за унапредување до стандардите на заедницата во секторите: вино и грозје,овошје и зеленчук, млеко и млечни производи, месо и преработки од месо.Во втората мерка или Мерка 103 спаѓаат инвестициите во преработката  и маркетингот на земјоделски и риболовни производи за реконструирање на овие дејности и нивно подобрување до нивото на стандардите на заедницата во приоритетните сектори како сектор вино, сектор преработка на овошје и зеленчукм сектор преработка на месо и капацитети за преработка на млеко и млечни производи.Во Мерка 302 се подразбира диверсификација и развој на руралните економски активности, со приоритетните сектори за поддршка на микропретпријатија во руралните средини и активности во руралниот туризам. За секоја од мерките специфичните услови се различни и бараат подготoвка на обемна придружна документација.    

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2432
mod_vvisit_counterВчера2141
mod_vvisit_counterОваа недела7453
mod_vvisit_counterПретходна недела19305
mod_vvisit_counterОвој месец65639
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3321165

Присутни online: 39
Ваша IP: 3.230.148.211
,
Денес: Фев 26, 2020