Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Меѓуопштински развоен центар

Печати PDF
    Проектот „Меѓуопштински развоен центар“ е заеднички проект за меѓуопштинска соработка на четирите општини Делчево, Пехчево, Берово и Виница и истиот е финансиски поддржан од УНДП Програма „Меѓуопштинска соработка за подобра испорака на услуги и пристап кон ЕУ“. Договорот меѓу четирите градоначалници, Министерот за локална самоуправа и Постојаниот претставник на УНДП во Македонија беше потпишан на 26.11.2009 година на Скопскиот саем во рамки на ЗЕЛС ЕКСПО 2009.  Овој проект е надоградување на веќе воспоставената соработка меѓу четирите општини во областа на ЛЕР и е втор проект за меѓуопштинска соработка со цел надминување на ограничувањата од големина и ресурси.

Проектот ќе се спроведува во периодот декември 2009-декември 2010.

Носител на проектот: општина Берово Партнери: општините Делчево, Пехчево и Виница.

Цели на проектот се:

       1. Да се истражи и да се дефинира модел за воспоставување на Меѓуопштински Развоен Центар (МРЦ)

       2. Да се спроведат сите законски постапки за основање на (МРЦ)

       3. Да се обезбедат просторни и технички услови за функционирање на (МРЦ)

       4. Зајакнување на капацитетите на вработените во ЛЕР

       5. Да се промовира МРЦ на потенцијалните клиенти како нова институција во микро-регионот.

Со реализацијата на проектот ќе се остварат следните резултати:

  • Развиен и усвоен најсоодветен модел за формирање на Меѓуопштински Развоен Центар (МРЦ); 
  • Изработени и донесени сите акти од страна на сите општини за воспоставување на МРЦ - Одлуки, Статут, Програма, Договор за меѓуопштинска соработка согласно Законот за меѓуопштинска соработка; 
  • Адаптиран простор каде ќе биде сместен центарот; 
  • Опремен МРЦ со комјутерска опрема и софтвер за меѓусебно комуницирање на четирите општини; 
  • Зајакнати капацитети на вработените во одделенијата за ЛЕР во четирите општини за спроведување на меѓуопштинската соработка;
  •  Медиумска промоција на МРЦ и неговата улога во целокупниот развој на микрорегионот.
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1277
mod_vvisit_counterВчера1881
mod_vvisit_counterОваа недела9536
mod_vvisit_counterПретходна недела14988
mod_vvisit_counterОвој месец29080
mod_vvisit_counterПретходен месец64416
mod_vvisit_counterВкупно2321563

Присутни online: 22
Ваша IP: 3.80.218.53
,
Денес: Дек 14, 2018