Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Четврта самостојна изложба на Јовица Миленов

Печати PDF
Во фоајето на Спомен дом АСНОМ, во Делчево е отворена четвртата по ред самостојна изложба на младиот и талентиран ликовен уметник од нашиот град Јовица Миленов. Неговите уметнички склоности за сликањето датираат од пред 4 години, кога спонтано, од ден во ден и се препушта на магијата на боите и платното.
Изработил над 60-тина дела во повеќе техники, почнувајки од темпера на платно, туш, па сè до јаглен и пирографија која според авторот е "малку потешка за работење, од другите техники". Покрај учеството во групна изложба, за велигденските празници, тој пред некоја година  за прв пат се претстави пред јавноста со своја самостојна изложба, во Делчево. Самостојно излагал и во М.Каменица и во Виница, а се планира во блиска иднина да излага и во Пробиштип и Штип. Неговите дела, веќе успешно се продаваат што е една мотивација повеќе, за активно творење и надоградување на својот талент, на овој наш млад ликовен творец. Изложбата ќе биде отворена до 04 февруари 2010 година a истата е организирана со подршка и во соработка со Општина Делчево и градоначалникот г-дин Горан Малешевски.
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2041
mod_vvisit_counterВчера2525
mod_vvisit_counterОваа недела2041
mod_vvisit_counterПретходна недела17077
mod_vvisit_counterОвој месец60575
mod_vvisit_counterПретходен месец80252
mod_vvisit_counterВкупно2693483

Присутни online: 39
Ваша IP: 107.23.129.77
,
Денес: Мај 26, 2019