
|
|
Blogger | Dailymotion | YouTube | MySpace |

ДОБРЕДОЈДОВТЕ НА ОФИЦИЈАЛНИОТ САЈТ НА НАШАТА ОПШТИНА.


Проект чешми
ПРОЕКТ ЧЕШМИ ВО ДЕЛЧЕВО И ДЕЛЧЕВСКО
Реставрација и ставање во функција на 30 чешми во Делчево и Делчевско. Да ги зачуваме традиционалните вредности во градот и селата.
Приказ на состојбата кај дел од чешмите во Општина Делчево, на старт од реализацијата на овој проект
Почитувани граѓани,
По иницијатива на Градоначалникот на општина Делчево Г-дин Горан Малешевски а во соработка со јавното комунално претпријатие „Брегалница“ Делчево и со месните и урбаните заедници во општината во текот на 2010 година ке се реализира проектот „Чешмите наша потреба, традиција и иднина“ Проектот опфаќа реконструкција на 30 чешми во целата општина и нивно ставање во функција. Главна цел на проектот е да се зачува традицијата која ја имало посебно во руралните средини каде се одело по вода во стомни и гумови, каде се дознавале сите работи во селото и каде се случувале првите љубови. Чешмите кој ги имало во голем број во нашата општина за жал во последните 15 години се оставени во заборав, а голем број веке се уништени и водата која доаѓала до самата чешмае пренасочена или изгубена. Покрај зачувување на традицијата со овој проект ке се постигне и ефикасно искористување на водата како ресурс која ја има во се помали количини и како ресурс кој е неопходен за нормален живот и развој.
Сликите од вашите предлог чешми и основни податоци за истите (местоположба како и значењето за руралната или урбаната средина во која се наоѓаат) можете да испратите на сл. e-mail адреси:
- info@delcevo.gov.mk
- mayor@delcevo.gov.mk
















































































































