Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Претставување на општина Делчево во рамките на Источен плански регион во Скопје

Печати PDF

Thumbnail image

Во сабота, на  12.06.2010 година, општина Делчево имаше свое забележително претставување во рамките на Промотивните денови на регионите во Република Македонија, заедно со општините од Источниот плански регион, во организација на Центарот од Штип.

Оваа иницијатива на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија (ЗЕЛС) придонесува за директна промоција на сите региони (општини) во државата подеднакво, со презентација на расположивите капацитети од сите стопански гранки, вклучително културна, археолошка, уметничка и туристичка понуда.

Thumbnail imageThumbnail image

 

Општина Делчево свое претставување имаше преку сопствени пропагандни материјали кои неодамна ги изработи за вакви прилики, како и преку презентација на културното и фолклорно традиционално богатство од овој дел на државата.

Thumbnail image

Културно - уметничкото друштво кое работи во рамките на Националната установа Центар за култура “Никола Јонков Вапцаров“, преку својот 30 - минутен настап ги восхити присутните посетители на плоштадот Македонија. Во рамките на културно - уметничката програма настапија и вокалните интерпретатори Марија Атанасова, Никола Тренчевски и Иван Тренчевски од Делчево.

Thumbnail imageThumbnail imageThumbnail imageThumbnail imageThumbnail imageThumbnail imageThumbnail imageThumbnail imageThumbnail imageThumbnail imageThumbnail image

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2056
mod_vvisit_counterВчера2141
mod_vvisit_counterОваа недела7077
mod_vvisit_counterПретходна недела19305
mod_vvisit_counterОвој месец65263
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3320789

Присутни online: 36
Ваша IP: 18.232.125.29
,
Денес: Фев 26, 2020