Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Одржана работилница на тема Регионален маркетинг во Штип

Печати PDF
Во организација на Центарот за развој на Источниот плански регион во соработка со ГТЗ РЕД програмата за регионален развој во Македонија, во Штип од 20 до 23 Јуни, се одржа работилница на тема Регионален маркетинг. На работилницата имаше учесници од речиси сите општини од Источниот плански регион, како од Единиците на локална самоуправа така и претставници од невладиниот и приватниот сектор. Како модератори на работилницата беа Уве Крапиц (Германија), Ана Муришич (Хрватска) и Ана Дамовска (Македонија).
Во агендата за првиот ден беше вклучено презентација: Концепти и трендови за регионален маркетинг, Брендирање на регионите и на производите, Инструменти за регионален маркетинг: Што е направено во регионот во текот на последните 5 години?, Презентирање на најдобри практики од Европа: Како да го ставите вашиот регион на мапата? -(презентација на Уве Крапиц за регионот Нојмаркт во Оберфалтц) , Пример од Хрватска (презентација на Ана Муришич-Лисац за регионот на Истра).
Во продолжението на работилницата во вториот и третиот ден беше даден акцент на презентирањето  на расположивите потенцијали и капацитети на целиот регион преку активно учество на претставниците од секоја општина во регионот. Детерминираноста и поставеноста на приоритетите за промоција и маркетинг на регионот беше првично направено од страна на учесниците со работа во три групи. Од страна на учесниците на работилницата беа изнесени мноштво на конкретни идеи и предлози, но поради поголема ефикасност и ограниченост на ресурсите од страна на модераторите на работилницата, беа конкретизирани содржини кои се практично остварливи и одат во директна корелација кон промовирање на широка иницијатива на инволвираност на сите општествени чинители во оваа насока (јавни институции, приватни партнери, НВО-и, граѓани).
Во завршните сесии на работилницата беа направени  три проектни концепти-Акциони планови, преку кои треба да  се спроведат активности за промоција на Источниот плански регион до крајот на 2010 год.
Во целиот овој процес на Регионален маркртинг, многу важна алка е регионалната соработка и долгорочното учество на што повеке партиципиенти во сите фази на реализација. Само заеднички настап на регионот во иднина може да придонесе кон стратешки долгорочен развој, од кој секој граѓанин би почуствувале бенефит.
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2151
mod_vvisit_counterВчера2141
mod_vvisit_counterОваа недела7172
mod_vvisit_counterПретходна недела19305
mod_vvisit_counterОвој месец65358
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3320884

Присутни online: 46
Ваша IP: 18.232.125.29
,
Денес: Фев 26, 2020