Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Интернационална соработка на Р.Македонија и Р.Бугарија во рамките на Патеката на железната завеса

Печати PDF
Претставник од општина Делчево присуствуваше на Регионалната -интернационална работилница во врска со повикот  на Европската комисија за "Промоција на велосипедскиот туризам во Европската унија како средство за одржлив туристички развој", која се одржа во Благоевград -Р.Бугарија на 30.06 и 01.07.2010 год. Повикот со целосната апликативна документација се достапни на официјалната веб страна на Европската комисија на сл. линк тука. Општата цел на овој повик за прибирање на апликации е да овозможи додадена вредност кон подобрувањето на одржливоста и конкурентните перформанси во Европскиот вело-туризам. Исто така овој повик поттикнува и промовира меѓугранична соработка помеѓу во смисла на подршка и промоција на меѓуграничните и интернационални велосипедски рути  и велосипедски мрежи, со потенцијалите за придонес директно или индиректно кон намаливање на емисиите на СО2 во туристичката индустрија. На работилницата имаше присутни 20 учесници од Источниот плански регион (општините Делчево, Пехчево и Берово, како и претставник од Центарот за развој на Источен плански регион и Координаторот на ГТЗ во Штип), учесници од Југоисточниот плански регион, како и учесници од Локалните самоуправи, бизнис и невладин сектор од пограничните региони на Р.Бугарија (Благоевград, Кресна, Симитли и др.). Во рамките на двата работни денови беше креирана Логичка матрица за потребите на проектната документација  со која во рамките на трансграничната соработка Југоисточниот и Источниот регион од Македонија ке партиципираат како партнери, бидејки носител на проектот потребно е да биде организација од земја членка на Европската унија. Конкретно според целите и активностите како и очекуваните резултати во Логичката матрица која беше изработена, идниот проектот во основа ке се базира на мапирање на трасата на делот од Патеката на железната завеса која се однесува за пограничниот регион на Р.Македонија и Р.Бугарија, со сите потенцијални туристички локалитети и понуда. Рокот за поднесување на апликациите до Европската комисија е до 30.07.2010 год.
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2036
mod_vvisit_counterВчера2141
mod_vvisit_counterОваа недела7057
mod_vvisit_counterПретходна недела19305
mod_vvisit_counterОвој месец65243
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3320769

Присутни online: 33
Ваша IP: 18.232.125.29
,
Денес: Фев 26, 2020