Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Советот на Општина Делчево ја одржа 13-та седница

Печати PDF

На 01.07.2010 година Советот на Општина ја одржа својата 13.редовна седница. Во присуство на сите 15 членови на Советот беа разгледани и усвоени 3 предлог - одлуки и тоа:  

1.Предлог - Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на општина Делчево за 2010 година;  

2. Предлог - Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Делчево за 2010 година;  

3. Предлог - Одлука за одобрување на приоритетни објекти за апликација по Проектот за рахабилитација и подобрување на локалните патишта преку фондовите на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР);

Со првата точка, а по барање на ОЈУДГ “Весели Цветови“ и ЈЛБ “Илинден“, се врши пренамена на распоредот на средства во Буџетотот на Општина Делчево. Средствата ќе бидат наменети за реновирање на градинката и библиотеката. Согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во РМ ( “Сл. весник на РМ“ бр. 42/2010) се врши измена на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Делчево за 2010 година со која практично се намалува надоместокот на членовите на Советот за присуство на седница од 70% на 50% од просечната плата и се намалува коефициентот за пресметување на плата на Градоначалникот на Општина Делчево. Оваа точка беше предложена на дневен ред и на 12.седница, но истата по гласање на советниците беше симната од дневен ред. Со третата точка - Одлука за одобрување на приоритетни објекти за апликација по Проектот за рахабилитација и подобрување на локалните патишта преку фондовите на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Советот на Општина Делчево ја утврди листата на  приоритетни објекти за апликација по Проектот за рехабилитација и подобрување на локалните патишта преку фондовите на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Имено, со оваа одлука се предвидува изградба  на дел од локален пат Л-7, отклон од регионален пат П-522, с. Косово Дабје-Општина Делчево, изградба на  дел од локален пат Л-3, Делчево - с. Очипала - с. Драмче - с. Вратиславци (делница Делчево-с. Очипала) и изградба на дел од локален пат Л-11, отклон од М-5, с. Драмче-с.Селник (делница од М-5 Димовско маало).

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2314
mod_vvisit_counterВчера2141
mod_vvisit_counterОваа недела7335
mod_vvisit_counterПретходна недела19305
mod_vvisit_counterОвој месец65521
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3321047

Присутни online: 36
Ваша IP: 18.232.125.29
,
Денес: Фев 26, 2020