Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Имплементација на WI-FI проектот во општина Делчево

Печати PDF
Thumbnail image

Со цел  популаризација на интернет - комуникацијата и омасовување на користењето на глобалната мрежа, како и премостување на дигиталниот јаз помеѓу сите региони во Република Македонија, Владата на РМ преку Министерството за информатичко општество од неодамна започна со имплементација на проектот за поставување на бесплатни  пристапни точки за безжичен интернет во руралните средини во целата држава. 

Исто така, како еден од приоритетните услови за влезот на државата во Европската унија се наметнува кохерентна дигитална застапеност на глобалната интернет технологија на целата теридорија на РМ, па токму во оваа насока е оваа активност на Владата.

Со проектот ќе бидат опфатени 680 локации  на подрачни училишта ширум државата. Досега се инсталирани над 150 и тоа во следниве општини: Зелениково, Илинден, Петровец, Сопишта, Студенчани, Берово, Виница, Делчево, Пехчево, Велес, Гевгелија, Кавадарци, Неготино, Росоман, Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Дојран, Ново Село, Струмица и Битола.

Thumbnail imageThumbnail image

Во општина Делчево се поставени интернет киосци  кои  зрачат бесплатен интернет во  радиус од 250м во сите подрачни училишта кои работат во селата. Во поголемите рурални средини се поставени по 2 вакви киосци.

Од особен интерес е да се истакне дека оваа иницијатива на Владата на РМ наиде на многу широк прием кај помладата популација во руралните средини, особено поради фактот дека Комерцијалните оператори  немаат економски интерес за поставување на свои мрежи во руралните средини, а населението во тие средини има реална потреба од интернет комуникација, како дел од едно современо општество и поради фактот што некои од помладите корисници на овие киосци за првпат гледаат компјутер и се корисници на интернет.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2228
mod_vvisit_counterВчера2141
mod_vvisit_counterОваа недела7249
mod_vvisit_counterПретходна недела19305
mod_vvisit_counterОвој месец65435
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3320961

Присутни online: 42
Ваша IP: 18.232.125.29
,
Денес: Фев 26, 2020