Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Делегација од Делчево учествуваше на 10 Био академија во Леднице - Чешка

Печати PDF

Од 29.06 до 01.07 2010 делегација од општина Делчево составена од претставници на локалната самоуправа и грѓанските организации учествуваа на десетата конференција за органско производство што редовно се одржува во Леднице - Чешка. На самата конференција учествуваа претставници од 20 земји од Европа со околу 120 учесници  од министерствата за земјоделие и животна средина на Р.Чешка и Р.Полска, граѓански здруженија, асоцијации, претставници на локални самоуправи и бизнис секторот.

На конференцијата се дискутираше на две централни теми и тоа:

  •  „Кредибилитет и измама во органско земјоделско“
  •  „Земјоделска политика и органско земјоделие во ЕУ по 2013 - се однесуваат само на пари?“

Во рамките на конференцијата се организираа уште неколку интересни настани како што е дегустација на органско сирење и органско вино, посета на органски фарми во Словачка и Австрија, работна средба на производителите на органско производство и асоцијациите кој го промовираат органското производство и сл.

Учесниците на  конференцијата имаа можност за дегустација на повеќе од 30 различни видови на вино и сирење од производители од Чешка, Словачка и Австрија.

Покрај конференцијата учесниците имаа можност да посетат фарми за органско производство за зејтин, јаболкови насади во школска фарма, како и проект имплементиран во рамките на руралниот развој на Словачка каде учесниците имаа можност да видат изграден ресторан со сите пропратни објекти како што се ергела со коњи, парк за деца, уредени површини за прошетка и уште многу содржини кој просторот го прават привлечен и интересен за посетителите.

На самиот настан делегацијата од Делчево предводена од градоначалникот Г-дин Горан Малешевски воспостави повеке контакти кој отвараат можност за откуп на земјоделски органски производи од наши локални производители, се отворија можности за заеднички настап на проекти од ЛИДЕР пристапот со организации од Чешка  како и заедничко организирање на настаниа се со цел анимирање на локалното население за вклучување во активности кој го промовираат органското производство и руралниот развој.

Организатор на настанот е Про био Чешка и Био Австрија а финансиски настанот го поддржа Авалон од Холандија.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2273
mod_vvisit_counterВчера2141
mod_vvisit_counterОваа недела7294
mod_vvisit_counterПретходна недела19305
mod_vvisit_counterОвој месец65480
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3321006

Присутни online: 42
Ваша IP: 18.232.125.29
,
Денес: Фев 26, 2020