Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Уредување на просторот околу Илин Камен во с.Ѕвегор

Печати PDF
Започнаа градежните работи за уредување на просторот околу Илин Камен во с.Ѕвегор во близина на меѓународниот пат  кон Р.Бугарија -природна реткост значајна за месното население поврзана со многу верувања и преданија. Овој проект се реализира по директна иницијатива и залагање на Градоначалникот на општина Делчево г-дин Горан Малешевски. Проектот е финансиран од ГТЗ а општина Делчево е во улога на кофинансиер. Изведувач на работите е ЈПКД Брегалница.
Во рамките на проектот ке биде направен земјен пристапен пат, просторот околу Илин камен ке биде уреден со пешачка патека, поставени клупички за седење и ке бидат поставени патокази за означување на движењето на посетителите.
Со уредувањето на оваа локација Делчево и регионот ке добие уште еден репрезентативен туристички локалитет, кој ке има особено влијание во развојот на туризмот во целост во регионот и општината. Од посебно значење е да се истакне и влијанието на реализацијата на овој проект врз зачувувањето на традиционалните вредности (преданија, верувањеа, обичаи)  од овој крај кој изобилува со традиционални богатства на кои месните жители од с.Ѕвегор и општина Делчево се особено горди.
Фотографии од Фаза 1 -Земјани работи:
Фотографии од Фаза 2-Поплочување на патека:

Thumbnail image Thumbnail image Thumbnail image Thumbnail image            
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2222
mod_vvisit_counterВчера2141
mod_vvisit_counterОваа недела7243
mod_vvisit_counterПретходна недела19305
mod_vvisit_counterОвој месец65429
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3320955

Присутни online: 39
Ваша IP: 18.232.125.29
,
Денес: Фев 26, 2020