Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Трка за светска хармонија

Печати PDF

Thumbnail image

Во рамките на меѓународната организација на Трката за промоција на светсkа хармонија (World harmony run), општина Делчево ја имаше честа да биде дел од овој меѓународен настан. Во Среда 14.07.2010 год. учесниците на меѓународниот маратон пристигнаа во Делчево.

На влезот на Делчево официјално беа пречекани од претставници на ЕЛС Делчево и по топлото добредојде пријавените учесници од Општина Делчево во трката го презедоа факелот  и знамето на оваа организација кај себе и заедно со интернационалниот тим на трката ја претрчаа зацртената етапа на територијата на општина Делчево. Во центарот на градот на Летната сцена пред Спомен домот АСНОМ учесниците на трката беа пречекани од група на граѓани и претставници на општина Делчево, каде ги пренесоа пораките и идејата за светска хармонија помеѓу сите луѓе во светот. Потоа Културно уметничкото друштво при Центарот за култура Никола Јонков Вапцаров од Делчево изведе пригодна културно уметничка програма. По кратко дружење на присутните, учесниците на трката продолжија кон границата со Р.Бугарија.
Thumbnail imageThumbnail image

 

Трката традиционално се одржува во 100 земји во светот со единствена цел за промоција на интернационалното пријателство и разбирање со учество на интернационални тимови на тркачи. Република Македонија е дел од европската маршута и во земјава беа претрчани 500 км, а посетени 15 општини меѓу кои и општина Делчево.

Thumbnail imageThumbnail image

Самата трка се состои од штафетно носење на запален факел и не е од натпреварувачки карактер, и е составена од интернационален тим на маратонци кои трчаат низ цела Европа и уште еден македонски тим кој ке трча на делницата на нашата држава. Меѓународниот тим се состоеше од учесници од Сојузната држава Калифорнија, Холандија, Франција, Романија, Австрија, Србија, Грција и Република Македонија.

Thumbnail imageThumbnail image

Трката за светска хармонија е основана од Шри Чинмој – атлет, филозоф, артист и поет, во 1987 год. Од тогаш па до денес оваа трка посетила повеќе од 140 земји во светот. повеќе информации за овој меѓународен настан може да се добијат на нивната официјална веб страна тука.

Thumbnail imageThumbnail imageThumbnail imageThumbnail image

Thumbnail image

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2027
mod_vvisit_counterВчера2141
mod_vvisit_counterОваа недела7048
mod_vvisit_counterПретходна недела19305
mod_vvisit_counterОвој месец65234
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3320760

Присутни online: 40
Ваша IP: 18.232.125.29
,
Денес: Фев 26, 2020