Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Меѓународно културно претставување на општина Делчево

Печати PDF
Thumbnail image
Од 30.06.2010 до 05.07.2010 Културно Уметничкото Друштво  при Центарот за култура Н.Ј.Вапцаров гостуваше во Босна и Херцеговина и заедно со КУД  "Јехоне е маљесис шарит" и КУД "Полог-Ор" Бревеница како културна делегација од Република Македонија настапија на трите  фестивалски вечери на меѓународниот фестивал "Маоча 2011". Во првата вечер КУД Културно Уметничкото Друштво  при Центарот за култура Н.Ј.Вапцаров настапија во Маоча, а  третата фестивалска вечер настапија во местото Вуковци. Импресиите од  сите три настапи на публиката која беше воодушевена од изведбата, се огромни и позитивни бидејќи покрај тоа што културните репрезенти од нашата држава настапија  како мултиетничко друштво, евидентна беше кохерентноста на настапите на сите (три) групи од Македонија.На двете фестивалски вечери присутен  беше и амбасадорот на Република Македонија во Босна и Херцеговина, кој што изрази очекување овие наши културни емисари да настапат  во Сараево.
Thumbnail image
За истакнување  е дека на сите три вечери на фестивалот беше презентиран фолклорот на Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Македонија и беа прикажани песните,ората и обичаите на различните култури и традиции. Покрај настапите младите играорци имаа време и за стекнување  на нови пријателства и дружење, а со овие нови контакти се создадоа и нови услови за нови дрижења и гостувања  во другите земји од бившите Југословенски простори.

Thumbnail image

 Во околу 8 месечното постоење на Културно уметничкото друштво при Центарот за култура Никола Јонков Вапцаров ова гостување во Босна е едно од најзначајните гостувања направени во овој скромен период на постоење на друштвото, но за особено истакнување се идните плански активности на Центарот за култура во оваа насока на што поширока и подинамична промоција на Пијанечкиот фолклор во целина како во Република Македонија така и во странство. 
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2031
mod_vvisit_counterВчера2141
mod_vvisit_counterОваа недела7052
mod_vvisit_counterПретходна недела19305
mod_vvisit_counterОвој месец65238
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3320764

Присутни online: 36
Ваша IP: 18.232.125.29
,
Денес: Фев 26, 2020