Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

МАКЕДОНСКИ БИСЕРИ ЃЕРДАН НАНИЖАНИ

Печати PDF
Thumbnail image
На 16.07.2010 година во фоајето на Спомен дом АСНОМ, се случи културен настан - промоција на книгата „Македонски бисери ѓердан нанижани“, од Димитрија Стојчевски. Организаторите ЗРА „Пијанечки глас“, ЈЛБ „Илинден“ Делчево и НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“ сите од Делчево, ја заинтригираа публиката низ разнообразноста на организираната промоција.
Ова е третото по ред публикациско остварување на овој продуктивен автор кој и покрај хендикепираноста со видот, на читателите им подарува светлина напластена низ стихови, низ приказни раскажувани и прераскажувани, на песни испеани, на брзозборки и легенди, на поговорки и гатанки...
Дел од нив, со извонредниот настап актерката Зорица Стојановска им ги пренесе на присутните. Промоцијата ја водеше Лидија Дамјанова, која покрај другото го презентираше промотивното обраќање во книгата на Д-р Вера Стојчевска Антиќ. Женското трио „Извор“ ја исполни песната „Јано, мори Јано“. Промоторот Перса Стојановска, препорачувајки ја книгата на читатаелите истакна: „Тој никаде не не брза. Токму низ приказните го чувствувам рамномерниот ôд на нижење на случките од разнообразните теми почнувајки од Црната кокошка, за браќата, за кралствата, за итроштината, за животните ... теми кои не навраќаат во едно посмирено, помудро, потолерантно време- време на приказна.
Поради ова како и подари другите содржини, овој ѓердан нанижан од македонски бисери што ги собрал Димитрија, долго време после прочитувањето на целокупниот собран труд, читателот го носи на својот врат и се кити со него“. На крајот авторот чичко Димитрија Стојчевски видно возбуден, им се обрати на присутните, искажувајки ја својата благодарност до орагнизаторите, спонзорите и присутните а особено на дечињата кои му помогнаа ова негово дело да ја види светлината на денот.
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2145
mod_vvisit_counterВчера2141
mod_vvisit_counterОваа недела7166
mod_vvisit_counterПретходна недела19305
mod_vvisit_counterОвој месец65352
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3320878

Присутни online: 45
Ваша IP: 18.232.125.29
,
Денес: Фев 26, 2020