Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Љубомир Белогаски за прв пат постхумно повторно во Делчево

Печати PDF
Thumbnail image
На директна иницијатива на Градоначалникот на општина Делчево г-дин Горан Малешевски, во соработка со Министерството за култура при Владата на Република Македонија и Музеј на Град Скопје, а во рамките на манифестацијата Топол културен бран во Делчево во Спомен Домот АСНОМ, синоќа 22.07.2010 год во 20.30 часот беше отворена изложбата на 30 дела од поголемиот творечки опус на академскиот сликар-акварелист Љубомир Белогаски.
По подолго време оваа идеја за претставување на дел од творештвото на Белогаски, доби своја материјализација, преку оваа поставка на акварели, токму во главниот град на неговиот живот. Тој можеби најмал период од неговиот живот живееше во Делчево, но секогаш го носел со себе овој менталитет на Пијанец, бидејки ова е местото каде тој се родил и се изградил како личност во раните негови младешки години, неговото родно Тработивиште е местото каде ги направил првите негови потези со сликарската четка, и првпат ја доживеал визуелизацијата на боите во композиција на една слика.
Центарот на Делчево едноставно блескаше под будното око на неговите бесмртни пејсажи, неговите композиции на мртва природа, портрети и неговиот автопортрет, сведочејки на немирната на само негов познат начин, игра на сликарската четка, која следејки го спокојниот ритам на неговото огромно креативно срце и ум, пружајки му на посетителот на оваа раскошна изложба на слики, длабоко нурнување во светот на акварелот-водата и бојата, во симбиоза на неприкосновена имагинација и широк технички куриозитет на авторот. Гордост беше да се види Белогаски-преку неговиот автопортрет, како неуморно бдее над остатокот од неговите дела, говорејки му на посетителот на изложбата преку повезот и духот на времето во кое живеел дека ова е тој-авторот лично и интимно, ова е неговата душа-неговото срце. Раскошно извајани скулптури на хартија, длабок сензибилитет на мултидимензионалност во изразот и совршена хармонија на едноставност, поврзаност и подреденост: подреденост на нејзиното величество БЕСМРТНОСТА.
Меѓународно признаениот, секогаш неуморниот и перфекционист во поглед на развојот и унапредувањето на сопствениот креативен и технички потенцијал, професорот и сликар, човекот кој се надвисна над бездната на заборавот и им служи како патоказ на генерациите по него, кон бескрајниот екот на громогласните татнежи на вредностите на сопствениот авторски капацитет, си го најде својот вистински дом... Домот во срцата и духот на неговите комшии, пријатели и сограѓани-минати сегашни и идни. Блесокот и наследството на овој човек во вистинска смисла на зборот, подолго време ке сјае во Делчево. Се до некоја наредна средба...
Изложбата е отворена секој работен ден од 10.00 до 21.00 часот во периодот од 23 до 30 Јули 2010 година.
Thumbnail imageThumbnail imageThumbnail imageThumbnail imageThumbnail imageThumbnail image
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2480
mod_vvisit_counterВчера2141
mod_vvisit_counterОваа недела7501
mod_vvisit_counterПретходна недела19305
mod_vvisit_counterОвој месец65687
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3321213

Присутни online: 41
Ваша IP: 3.230.148.211
,
Денес: Фев 26, 2020