Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Отпочнување на проектот 10 детски игралишта на територијата на градот Делчево

Печати PDF

Thumbnail image

Со отпочнување на градежните припремни работи на локација кај населбата Стар Расадник стартуваше реализацијата на проектот на општина Делчево за изградба на 10 мини детски игралишта на територијата на градот Делчево.

 Проектот се раелизира во соработка со ЈПКД Брегалница. На локацијата во населбата Стар Расадник  ке се уреди просторот позади новоизградената чешма (чешма изградена во рамките на Проектот за изградба и реконструкција на 30 чешми во општина Делчево), и ке биде направено партерно уредување на игралиштето, ке бидат поставени реквизити за деца (лулашки, клацкалки) како и ке бидат поставени клупи за седење и одмор, и засадени дрвца.Просторот на ова детско игралиште ке биде изолиран со соодветна ограда.
Thumbnail imageThumbnail image

 

Реализацијата на овој проект е во рамките на програмските активности на Градоначалникот на општина Делчево г-дин Горан Малешевски, преку кој  граѓаните на општина Делчево ке се стекнат со репрезентативно уредени и благопријатни места за одмор и релаксација, како и за детска игра, во функција на развивање на т.н. маалски живот во сите реони во градот Делчево. Вакви детски игралишта се предвидени во сите поголеми населби во Делчево (10 на број) по принцип на зонски реципроцитет на гравитација и концентрација на населението. До крајот на оваа година (2010) ке бидат изградени и уредени 4 вакви игралишта.

Thumbnail imageThumbnail image

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2123
mod_vvisit_counterВчера2141
mod_vvisit_counterОваа недела7144
mod_vvisit_counterПретходна недела19305
mod_vvisit_counterОвој месец65330
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3320856

Присутни online: 50
Ваша IP: 18.232.125.29
,
Денес: Фев 26, 2020