Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Концерт на мегапопуларниот Аца Лукас на стадионот на ФК Брегалница во Делчево

Печати PDF

Thumbnail image

Средата вечер 28.07.2010 год., фудбалскиот стадион на ФК Брегалница во Делчево беше крстопат на многу граѓани од цела Македонија. Единствена причина за тоа беше концертот на мега популарната музичка ѕвезда од Србија, единствениот, харизматичен и секогаш актуелен Аца Лукас со неговиот бенд. Ѕвездата на вечерта се појави во негов стил импулсивно и жестоко со врвна доза на професионализам и впечатливост. Концертот, Аца Лукас и неговиот бенд го започнаа со два препознатливи мега хитови, за потоа да направат одредена дигресија во репертоарот и отсвиреа постари музички теми од нивниот широк опус на песни.

 Во првата половина од концертот отсвиреа и неколку обработки на хитови од други автори (Бјело Дугме), доволно да ја подгреат атмосферата како увертира за арсеналот од песни кои потоа следуваа: "Пао сам на дно" , "Нисам Преживео", "Реци", "Недај да ти љубав сречу квари" "Бај пас", "Чивас", "Дијаболик" итн. Повеке од 2 часови забава за публиката која целосно се препушти на занесната атмосфера , во која забележително доминираше харизмата на Аца Лукас.
Thumbnail image Thumbnail image

 

Ваков концерт Делчевската и публиката од регионот не беше доживеала од крајот на осумдесетите години од минатиот век (период кога на стадионот во Делчево концерти држеа ѕвезди од калибарот на  Лепа Брена). Едноставно вредно за паметење и раскажување.Задоволството на сите присутни беше очигледно, па дури и најголемите скептици во врска со овој концерт се препуштија на магијата која господинот Лукас и неговиот бенд им ја понудија на публиката.

Thumbnail imageThumbnail image

Општина Делчево и ЈПКД Брегалница овозможија партнерска подршка на организаторите, во вид на инфраструктура и организациска помош, со што активно се вклучија во реализацијата на овој најголем музички и концертен проект во последните 20 години кој се одржал на територијата на општина Делчево. За особено поздравување е иницијативата и заложбата на организаторите токму еден ваков мега спектакл да се одржи во Делчево, и покрај непредвидливоста на посетеноста и исплатливоста на овој проект, кој на крај се покажа огромен успех и вистински погодок, како за организаторот така и за публиката. Дефинитивно  практиката за реализација на вакви настани треба да продолжи и понатаму во иднина, единствено затоа што Делчевската и публиката од регионот не е за ништо поразлична од било каде во светот и го заслужува тоа.

Thumbnail imageThumbnail imageThumbnail imageThumbnail image

Концертот го започнаа како локална подршка музички групи од Делчево предводени од надежната и со блескав вокал Марија Атанасовска и беспрекорниот Даниел Савиќ, кои достојно ги претставија своите музички капацитети.

Thumbnail imageThumbnail imageThumbnail imageThumbnail imageThumbnail image

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2286
mod_vvisit_counterВчера2141
mod_vvisit_counterОваа недела7307
mod_vvisit_counterПретходна недела19305
mod_vvisit_counterОвој месец65493
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3321019

Присутни online: 37
Ваша IP: 18.232.125.29
,
Денес: Фев 26, 2020