Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Инспиративен концерт на класична музика на врвни уметници во Делчево

Печати PDF

Thumbnail image

Во рамките на годинешното издание на манифестацијата Топол културен Бран 2010 год.во организација на општина Делчево и Министерството за култура на Р.Македонија во Сабота 31.07.2010 година, во фоајето на Спомен Домот АСНОМ во Делчево се одржа концерт на класична музика на Дуо Чили (Дарко Багески -класична гитара и Аспарух Арчи Ќортошев -виолина) од Скопје.

Овој инспиративен настап на Дуото составено од двајца врвни професионалци и  мајстори на своите инструменти, прозвуче со сите карактеристики на врвен концерт од светски ранг, со што општина Делчево доби белег на културна претстолнина за таа вечер.

 

Концертната програма составена од музички композиции кои се вбројуваат во категорија на Популарна класична музика, беа лесни за слушање и кај публиката лесно препознатливи, веќе слушнати, но...Колоритноста на изграденоста на музичкото ткиво на овие композиции едноставно плени со богатството широк дијапазон на модуларни скали и волуменозна зафатнина на море од звуци и мелодии кои произлегуваа од двата инструменти. Порака емитувана директно од срцето на уметникот, преку интерференцијата на нивните изградени уметнички карактерности и високи познавања на суптилноста во музичкото изразување и креација. Високата техничка подготвеност, не беше само механичка манифестација на умешност и брзина , туку нешто навистина повеќе... Цел еден нов универзум на хармониска послушност и преданост на високите норми на универзалната состојба на човечкиот дух обземен   и вдахнат со божествен немир наречен живот. Совршен баланс во премрежјата на хаосот на современието...Ред и поредок, убавина инеизмерна послушност... Послушност на делото на големите автори-класици, но, и послушност на самиот себеси, на сопствените убедувања и погледи, кои отвараат нови хоризонти. Во екот на реалноста наречена лето-господово 2010 во Делчево, искра надеж за  совршенство... Ни подолу ни погоре, туку рамно на пиадесталот на највисоки уметнички вредности, на тронот над троновите. Ден (вечер) вреден за паметење и раскажување. Факултетска 9 (деветка)-не затоа што студентите (музичарите) нешто изоставија да кажат туку затоа што професорот ( публиката) не успеа да постави дополнителни прашања (за оние што беа присутни знаат на што мислам).

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2495
mod_vvisit_counterВчера2141
mod_vvisit_counterОваа недела7516
mod_vvisit_counterПретходна недела19305
mod_vvisit_counterОвој месец65702
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3321228

Присутни online: 38
Ваша IP: 3.230.148.211
,
Денес: Фев 26, 2020