Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Интензивна изградба на градежни објекти низ општина Делчево

Печати PDF

Thumbnail image

Во минатите две недели започна поголема кампања на општина Делчево за изградба на нови градежни зафати насекаде низ градот и општината.

По претходни темелни подготовки, проектирања, консултации и екипирање, на повеќе локации низ градот Делчево и целата општина, екипи на ЈПКД Брегалница од Делчево , беа распоредени на повеќе локации и беа отпочнати низа на градежни работи од поголем обем со најразлична функција и намена.

Thumbnail imageThumbnail image

  • Со продолжување на проектот Изградба на нови и реконструкција ревитализација на стари чешми во општина Делчево, се започна со изградба на фонтаната во центарот на с.Тработивиште , како и изградба и реконструкција на чешма во с.Вирче. Но поради мултидимензионалноста и огромното значење на овие чешми во селата во кои се наоѓаат, Општина Делчево  започна и со низа на активности и градежни работи на просторот во близина и околу овие чешми.

Thumbnail image Thumbnail image

Како критични места овие чешми околу себе обединија поголем инфраструктурен капацитет на ангажираност на работниците од ЈПКД Брегалница, во рамките на постојната проектна документација и поголемо проширување на истата и нејзино константно надградување. Повторно овие чешми станаа центар на гравитација на месното население и вистински извор на живот, фреквенција и внимание (секако во рамките на идејата на обезбедување на квалитетна вода за пиење за луѓето соочени со предизвикот во иднина од намалување на количините на пивка вода, не само во општински и државни рамки туку во глобални размери).
  • Во селото Тработивиште покрај изградбата на фонтана во центарот на селото, се започна и со партерно уредување на овој простор, како и вклопување и реконструкција на  постојната инфраструктурна мрежа, партерно уредување, сообраќајно решение и осветлување на овој најзначаен дел од ова наше село. Понатаму во континуитет на овие градежни активности како најава ке се започне со изградба на улицата од центарот на селото кон прекрасната селска црква, како и уредување на дворот во истата преку реконструкција на стариот трем, каде се служи курбан во празниците.Изготвувањето на проектната документација  за изградба на оваа улица е во завршна фаза и набрзо ке биде објавен јавен повик за прибирање на понуди за изведувачи. Оваа фонтана се гради со финансиска соработка на Општина Делчево и Милеуконтакт од Холандија, во рамките на процесот Зелена Агенда кој се спроведува на територијата на ова село.
Thumbnail image Thumbnail image
  • Во центарот на с. Вирче градежните работи започнаа со уредување на просторот околу старата чешма со исклесан човеки лик на нејзиното тело. Истовремено се започна со уредување на сообраќајното решение на улицата што минува покрај оваа чешма истовремено во близина на селската црква, како и со извршување на одредени корекции на недостатоци според потребите и кажувањата на месното население кое гравитира во овој дел од селото, направени при претходните градежни зафати во минатото, како и решавање на низа на градежни парадокси кои биле направени во минатото. 
Thumbnail image Thumbnail image

Истовремено со постоењето на огромна количина на подземни води недалеку од споменатата чешма, се појави претходно посочената потреба од нивно решавање во смисла на нивно дренирање и канализирање во определени рамки на глобалната мрежа од каналска инфраструктура во селото, со внимателно планирање и детерминираност со оглед на големите поплавни бранови, во текот на пролетните врнежи во селото. Исто така во тој дел ке биде изградено ново водопиоло за потребите на сточарите од ова село, како и партерно уредување околу истото. Понатаму по завршување на овие градежни зафати ке се продолжи со изградба на нови трибина на спортското игралиште во центарот на селото и уредување на просторот околу него, како и изградба на нова улица кон горниот крај од селото.

Thumbnail imageThumbnail image

  • На локацијата кај новоизградената чешма во населбата Стар расадник во Делчево се уреди и изгради ново детско игралиште како и мини парк со клупички за седење, позади новата чешма. На тој начин жителите од оваа бројна населба ке добијат уредено репрезентативно место за одмор и рекреација како за повозрасните така и за помалите генерации, со што повторно би заживеал маалскиот живот кој во пресрет на турбулентниот начин на живеење кое го носи современието почна пополека да изумира.

Thumbnail image

 И овде повод за уредување на оваа локација беше Чешмата (изградена во рамките на проектот за изградба и реконструкција на 30 чешми во Делчево и Делчевски), која доби повеќе димензионално значење и функција.

Thumbnail image Thumbnail image

  • На локација покрај кејот на реката Брегалница во централното градско подрачје во Делчево на потегот зад Хотел Македонија и старата противпожарна зграда, започна изградбата на заградено со  мрежа мултинаменско спортско игралиште, пристапна улица како и детски парк со реквизити за играње и мали трибини и простор за седење. 

Thumbnail image 

На овој начин овој дел од градот ке добие своја содржина и функција, во насока на развој на спортскиот, општествениот и друштвениот живот на граѓаните кои гравитираат овде, особено помладите, кои во огромен број се собираат за меѓусебно дружење и спорт и рекреација на ова игралиште на редовна дневна основа..

  • Стартуваа после неколку децении застој во работата на Кејот на река Брегалница, изведбените работи за овој значаен градежен зафат и тоа не само во централното градско подрачје туку на регулација на текот на Брагалница на територијата на целата општина.По изготвување на новиот проект за регулацијата на Брегалница и по долготрајни планирања и консултации, особено во однос на решавањето на недостатоците направени во постоечкиот до пред една година проект за регулацијата, гледано низ призмата на поголема временска дистанца  и оштетувањата на изведеното регулирано корито во минатото, корекции на котите на еродираното речно дно како и инкорпорирање на нови технологии и стандарди во изведба на речните косини на мини и макси коритото во централното градско подралје, со поставување на еродивни заштитни прагови на напречниот профил на речното корито, како и обемно опфаќање на третман на заштитата на рибниот фонд, зачувување на природните мрестилни патишта за рибата со иградба на преодници за рибните видови, и еколошки третман на биодиверзитетот што гравитира во реката и околу неа, општина Делчево и градоначалникот се зафатија со реализација на овој огромен зафат, за кој секако ке биде потребно поголем период за реализација и обемни средства, но во соработка со ЈПКД Брегалница и со ангажирање на целиот расположив потенцијал (материјален и човечки) овој огромен зафат ке биде реализиран во најкраток можен период се разбира под услов на детерминираност од ситуацијата на терен и во практика.
Thumbnail image 
  • На територијата помеѓу втори и трети реон во Делчево над т.н.Пустевски ендек се продолжува со изградбата на скали во природна стена , градежен зафат реализиран со многу минимални средства, но сепак од особено значење за локалните граѓани кои многу фрекфентно ја користат оваа рута за комуникација со центарот на градот.
  • Се отпочна со изградбата на жардинерии на разделната лента по должина на Булеварот македонија на потегот од бензинската пумпа кон семафорите во градот. Векае е завршена една делница до раскрсницата пред зградата на Агенцијата за вработување на Р.М. Подрачна единица в Делчево, каде пред влезот на оваа институција исто така се интервенира со градежен зафат на уредување на влезот кој излегува на споменатиот Булевар.

Thumbnail image Thumbnail image

Понатаму се започна со изградба на жардинерии на втората делница од булеварот, која е една од поголемите. Истовремено продолжува да се оплеменуваат жардинериите на разделната лента по должина на Булеварот М.М.Брицо со лепење на делкан природен камен на потегот пред градското кино.

Thumbnail image

  • Во рамки на имплементација на Стратегијата и Декадата на Ромите 2005-2015, и Меморандумот за разбирање потпишан помеѓу Општина Делчево и Владата на Република Македонија преку Министерот без ресор Неждет Мустафа , од Министерството за транспорт и врски се обезбедени 500.000 денари за Реконструкција на дел од ул.Маршал Тито во должина од 333 метри .
Во рамките на реализацијата на овој проект од Декадата на ромите, во тек се градежните активности за реконструкција и доградба на делови од водоводната мрежа по од споменатата улица  во трети реон каде има поголема концентрација на ромско население. Изведувач на работите е ЈПКД Брегалница. 
Thumbnail image Thumbnail image
Во оваа прилика на отпочнувањето на стартот на работите на оваа локација беше лично Министерот без ресор при Владата на Репиблика Македонија г-динот Неждет Мустафа, кој е потписник на Меморандумот за соработка меѓу Владата на Р.М. и општина Делчево во рамките на Декадата на ромите. Исто така во рамките на оваа посета на Министерот беа договорени и низа на конкретни активности за реализација во иднина, поврзани со ромското население во општина Делчево.
  • Стартуваа градежни работи за уредување на просторот околу градските гробишта во Делчево, со зафат за санирање на косината на патот кој води кон Голак и изградба на патна каналетка за прибирање на атмосферската вода, како и решавање на приодот кон гробиштата.
  • Започна уредување на пристапниот пат до месноста "Шопјето"  делница која ја поврзува оваа рурална средина со патот што води до врвот на планината Голак, со ангажирање на градежна механизација од оперативата на ЈПКД Брегалница Делчево. 
Thumbnail image 
  • Во с.Стар Истевник започна тампонирањето на селскиот пат низ   по целата должина на селото, по што ке следува негово асфалтирање. Изведувач на работите е ГП Гранит од Делчево. Финансиските сретства се обезбедени од Светска банка преку Агенцијата за патишта на Република Македонија.
  • Започна изградбата на приодниот пат кон село Киселица, делница која се приклучува на регионалниот пат R533  кој го поврзува Делчево со Македонска Каменица и Кочани. Исто така финансиските сретства и за овој пат се обезбедени од Светска банка преку Агенцијата за патишта на Република Македонија.
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2547
mod_vvisit_counterВчера2141
mod_vvisit_counterОваа недела7568
mod_vvisit_counterПретходна недела19305
mod_vvisit_counterОвој месец65754
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3321280

Присутни online: 41
Ваша IP: 3.230.148.211
,
Денес: Фев 26, 2020