Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Рана ренесанса за спортот во Делчево

Печати PDF

Thumbnail image

Со изградбата на новата спортска сала од страна на Министерството за образование и наука на Република Македонија и општина Делчево во дворот на СОУ Методи Митевски Брицо, се создадоа реално одлични услови за поттик и развој на спортот во градот.

Во спортската сала веќе започнаа да функционираат неколку спортски екипи, под супервизија и раковотство на разни спортски работници од општината, а по директна иницијатива и залагање на Градоначалникот на општина Делчево г-дин Горан Малешевски, Директорот на СОУ М.М.Брицо г-дин Митко Антовски Претседателот на Кошаркарскиот клуб Клубски г-дин Љупчо Петровски, други наставници, професеори, припадници на невладин сектор и тн.Исто така како стручни консултанти побарано е помош и мислење од спортски работници од повозрасните генерации кои активно и успешно работеле и дале свој придонес во развојот на спортот во Делчево во минатото.
Thumbnail image
Од страна на училишниот одбор на Гимназаијата, донесен е правилник за користење на спортската сала не сано од страна на ученици на оваа гимназија, туку и од страна на надворешни лица, под стриктно определени услови. Правилникот ке биде објавен наскоро на нашата веб страна,  со цел за што помасовна популаризација на користењето на спортската сала.
Thumbnail image Thumbnail image
Thumbnail image

Делчево со години наназад поради непостоењето на ваков простор за спортски активности е изложено на егзистенцијални проблеми на спортот во целина. Но по изградбата на оваа спортска сала се создадоа совршени услови за оваа пречка да се надмине и Делчево и граѓаните да го добијат она што навистина го заслужуваат. Во Делчево постои енергија и таленти помеѓу помладите генерации, за квалитетен развој на спортот, за што говорат и бројните понуди за млади таленти од страна на клубови од други градови за нивен настап во тие клубови.

Во градот веќе подолги години наназад работи и егзистира КК Клубски, кој е вистински репрезент и синоним за клубско работење на една екипа не само во нашата општина. По неколку годишен прекин во општината повторно е реактивиран Одбојкарски клуб кој иако е во почетна фаза на работа со сегашната екипираност, веке е забележлив невиден напредок кај одбојкарите, кои отскокнуваат со нивните таленти, и потребно е само усовршување на техниката, и оваа екипа ке почне да бележи сигурни успеси во иднина. Во рамките на ОУ Ванчо Прке работи женска ракометарска екипа, со играчи кои исто така блескаат со својот талент и имаат убава перспектива во иднина. 

 

Thumbnail imageThumbnail image

Новоизградената спортска сала од нејзиното пуштање (во неколку наврати беше пишувано тука тука тука и тука на нашиов веб сајт за изградбата и активности поврзани со оваа спортска арена ) полека почна да прераснува во достоен дом за спортистите од градот и спортските работници, со надеж дека максимално ке биде искористуван овој потенцијал кој што Владата на Р.Македонија преку Министерството за образование и наука  го изгради во нашиот град. Од овие причини и редица други се истакнува повеке димензионалното огромно значење на овој спортски гигант во севкупниот општествен живот во општина Делчево.

Thumbnail image

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2371
mod_vvisit_counterВчера2141
mod_vvisit_counterОваа недела7392
mod_vvisit_counterПретходна недела19305
mod_vvisit_counterОвој месец65578
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3321104

Присутни online: 31
Ваша IP: 3.230.148.211
,
Денес: Фев 26, 2020