Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Одбележани 7-ми Септември Денот на ослободувањето на Делчево и 8-ми Септември Денот на независноста на Р.Македонија

Печати PDF

Thumbnail image

Со низа на пригодни свечености и настани во Сабота на 4 Септември 2010 год. се одбележаа 7-ми Септември Денот на ослободувањето на Делчево од фашистичка окупација и 8-ми Септември Денот на Независноста на Република Македонија.

Оваа година се навршуваат 66 години од ослободувањето на Делчево и 19 години од прогласувањето на Независноста на Република Македонија на 8-ми Септември 1991 година. 

Thumbnail image Thumbnail image

 

Свеченото празнување започна со полагање на свежо цвеке пред споменикот на паднати борци во НОВ од Делчево, во центарот на градот. Свежо цвеке положија Градоначалникот на општина Делчево г-дин Горан Малешевски заедно со преставници од ЕЛС Делчево, претседателот на Советот на општина Делчево г-дин Тони Трајановски , претставници на политички партии и здруженија од општината како и други јавни институции., Потоа се одржа Свечена седница на Советот на општина Делчево, по што во фоајето на Спомен Домот АСНОМ беше отворена пригодна изложба на сликарот Пепи Атанасовски со мотиви од Делчево. Изложбата ја отвори Градоначалникот на Делчево.

Thumbnail image

Во новоизградената спортска сала во дворот на СОУ М.М.Брицо беше отворен традиционалниот меѓународен кошаркарски турнир за кадети. На турнирот учествуваа екипи од Македонија како и од Р.Бугарија. На учесниците на турнирот им беа доделени Благодарници како и Признанија и пехари за освоено прво место како во женска така и во машка категорија.

Thumbnail image

Во населбата Стар Расадник во 13.00 часот беше приредена свеченост за осветување на водите на новата чешма (чешма изградена како дел од проектот на општина Делчево за ревитализација на постојните и изградба на нови 30 чешми од општината), како и осветување на новоизграденото детско игралиште изградено позади чешмата (игралиште дел од проектот на општина Делчево за изградба на 10 вакви и слични игралишта на територијата на градот Делчево до 2013 год.). Изведувач на градежните работи е ЈПКД Брегалница.

Thumbnail image

Потоа Градоначалникот г-дин Горан Малешевски заедно со претставници на ЕЛС Делчево присуствуваа на свечениот ручек кој се одвиваше во рамките на Пијанечко-Малешевската свадба 2010 год. кај манастирскиот  комплекс Св.Богородица Балаклија.

 

Thumbnail imageThumbnail image

Вечерта со почеток во 20.00 часот се одржа пригодна свеченост во чест на тројното празнување, на која настапија  културно уметнички друштва од Делчево (ФГ Копачка од с.Драмче, КУД при НУЦК Н.Ј.Вапцаров, КУД Гоце Делчев), Р.Србија (КУД Каблови од Јагодина) како и од Р.Бугарија (КУД Климент Охридски од Симитли); исто така вечерта ја отвори Вокалната група Ѓурѓа во придружба со инструменталниот состав на староградска музика Делчевски Еснафи од Делчево.

Thumbnail image

Со настап на Никола Тренчевски од Делчево како и мега популарните Маријана Мишева и Гоце Арнаудов заврши официјалното празнување по повод Гоцеви Денови како и овие значајни датуми од поновата македонска историја.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2141
mod_vvisit_counterВчера2141
mod_vvisit_counterОваа недела7162
mod_vvisit_counterПретходна недела19305
mod_vvisit_counterОвој месец65348
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3320874

Присутни online: 50
Ваша IP: 18.232.125.29
,
Денес: Фев 26, 2020