Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Се одржа 4-та Пијанечко- Малешевска Свадба

Печати PDF

Thumbnail image

Во организација на КУД Гоце Делчев а во соработка со општините Делчево, Берово, Пехчево како и Министерството за култура на Република Македонија се одржа Пијанечко Малешевската свадба со  повекедневни традиционални настани и манифестации.

Оваа година привилегија да бидат момче и невеста во рамките на Пијанечко-Малешевската свадба беа Ленче Алаѓозовска од с.Русиново и Марјанчо Ризовски од Пехчево.

 

Thumbnail imageThumbnail image

Свадбата започна на 30-ти и 31-ви Август со традиционалното канење на гостите на свадба т.н. канарии. Потоа во средата 01.09.2010 год,. беше замесена погачата т.н. Плетеница во куќата на момчето. Наредниот ден младите имаа прием кај Градоначалникот на општина Берово, а исто така беше замесена погача-Плетеница во куќата на невестата. Во петочното издание на свадбата младоженците заедно со претставници на гостите од странство и раковотствата на КУД -ови вклучени во настаните поврзани со свадбата, беа гости во кабинетот на Градоначалникот на Делчево г-динот Горан Малешевски.

 

Thumbnail imageThumbnail image

Вечерта на Летната сцена пред Спомен домот АСНОМ во Делчево се одржа главната манифестација на свадбата во функција на туристичка понуда на регонот како и интернационален фолклорен и музички фестивал.

Thumbnail image

На свечената програма настапија ФГ Копачка од с.Драмче, КУД Гоце Делчев од Делчево како и други културни ансамбли од  Македонија, Србија, Бугарија и Турција.

Во саботното издание на свадбата се одржа свечениот ручек кај манастирскиот комплекс Св.Богородица Балаклија, на кој присуствуваа гостите на невестата и младоженецот, меѓу кои беа и Градоначалниците на Делчево и Пехчево.

Потоа следуваа останатите настани поврзани со свадбата.

Thumbnail image

Thumbnail image

Thumbnail image

Thumbnail image

Thumbnail image

Thumbnail image

Thumbnail image

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2478
mod_vvisit_counterВчера2141
mod_vvisit_counterОваа недела7499
mod_vvisit_counterПретходна недела19305
mod_vvisit_counterОвој месец65685
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3321211

Присутни online: 45
Ваша IP: 3.230.148.211
,
Денес: Фев 26, 2020