Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Соопштение за постапката за основање и работа на заедница на сопственици на посебните делови во станбените згради

Печати PDF

Почитувани граѓани,
Согласно Законот за домување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 99/2009 и 57/2010), Министерството за транспорт и врски на својата интернет-страница објави работна верзија на примери како основа по кои треба да бидат изработени соодветните акти. Истите можат да се надополнат или прилагодат на специфичните услови и случаи, кои како варијанти можат да се јават во пракса. Заинтересираните граѓани од интернет-страницата www.mtc.gov.mk и на назначените врски подолу во овој текст можат да ги преземат работните верзии на Одлука за основање на Заедница на сопственици на посебните делови, Статут на заедницата на сопственици, Одлука за донесување на статутот, Соопштение за собир на сопствениците на посебните делови, Покана за собир на сопствениците, Записник од собир на сопствениците, План за одржување и Куќен ред. Сите овие документи и текстови можат да бидат солидна основа за оформување на потребната документација потребна за основање на Заедница на сопственици. Согласно Законот за домување, сопствениците на посебните делови на станбената, деловно-станбена или станбено-деловната зграда се должни најдоцна во рок од една година од влегување во сила на Законот за домување да регистрираат заедница на сопственици или да определат управител согласно со овој закон. Законот е објавен во Службен весник на Република Македонија на ден 5 август 2009 година, а истиот влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето.
ПРЕВЗЕМИ ДОКУМЕНТИ

1. Соопштение за Собир на сопственици 2. Покана за Собир на сопственици

3. Одлука за основање на Заедница 4. Одлука за донесување на Статут

5. Статут на Заедница на сопственици 6. Записник од Собир на сопственици

7. Договор за взаемни односи 8. План за одржување

9. Кукен ред

Текстот и документите се превземени од официјалниот веб сајт на Министерството за транспорт и врски на Република Македонија
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2136
mod_vvisit_counterВчера2141
mod_vvisit_counterОваа недела7157
mod_vvisit_counterПретходна недела19305
mod_vvisit_counterОвој месец65343
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3320869

Присутни online: 52
Ваша IP: 18.232.125.29
,
Денес: Фев 26, 2020