Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Реконструкција на оградата на селската црква Св.Никола во Вирче

Печати PDF
Продолжуваат градежните работи во с.Вирче со полн интензитет. Се започна со реконструкција на руинираната ограда на дворното место на селската црква. Планирана е нејзино целосно возобновување и изградба со што центарот на селото и овој верски објект значаен за граѓаните од ова село ке добие репрезентативен изглед и ке биде достојно место за вршење на религиски обреди но и користење за други потреби од значење на селото. До сега овој  верски објект заедно со целиот негов двор беше оставен на забод на времето и беше доведен до една катастрофално лоша состојба, како олицетворение на состојбите во минатите години. Но со иницијатива на Градоначалникот на општина Делчево г-динот Горан Малешевски, преку зацртаните проекти за реализација во неговата програма , особен третман ке им се посвети на ваквите објекти кои се од општествена потреба и корист на граѓаните,  не само од сакрално и религиско значење, со што истите би го добиле својот заслужен сјај и величина.
Исто така се продолжува со изградба и уредување на местото околу двете чешми како и дренирањето на атмосферските и отпадните води, во центарот на селото, како и уредување на (претходно несоодветно) димензионираните каналетки, покрај селскиот пат во овој дел на селото. Истовремено со расположивата механизација на Јавното претпријатие за комунална дејност Брегалница Делчево и работната сила, се доуредуваат местото како и дел од имотите кои во тој дел од селото наликуваа на класична дивина (простор обраснат со трева, дрвја, распаднати плотови итн) со што местото добива поинаков-поубав изглед.
Thumbnail image
Продолжуваат градежните работи во с.Вирче со полн интензитет. Се започна со реконструкција на руинираната ограда на дворното место на селската црква. Планирано е нејзино целосно возобновување и изградба со што центарот на селото и овој верски објект ќе добие репрезентативен изглед и ќе биде достојно место за вршење на религиски обреди, но и користење за други потреби од значење на селото.  Планирана е целосна ревитализација на дворното место во црквата со изградба на трем, како и комплетно уредување на просторот со патеки и места за седење и одмор. Досега овој верски објект заедно со целиот негов двор беше оставен на забот на времето и беше доведен до една катастрофално лоша состојба.

Thumbnail imageThumbnail image

Но, на иницијатива на Градоначалникот на општина Делчево, г-динот Горан Малешевски, преку зацртаните проекти за реализација во неговата програма, особен третман ќе им се посвети на ваквите објекти кои се од општествена потреба и корист на граѓаните, со што истите би го добиле својот заслужен сјај и величина. Исто така  продолжува и изградбата и уредувањето на местото околу двете чешми, како и дренирањето на атмосферските и отпадните води во центарот на селото, како и уредување на (претходно несоодветно) димензионираните каналетки, покрај селскиот пат во овој дел на селото. Покрај реконструкцијата на овие две чешми и изградба на водопоило кај една од нив, планирана е и изградба на уште две чешми во ова село, чија што реализација е предвидена во иднина. Истовремено со расположливата механизација на Јавното претпријатие за комунални дејности “Брегалница“ Делчево и работната сила, се доуредуваат местото  и дел од имотите кои во тој дел од селото наликуваа на класична дивина (простор обраснат со трева, дрвја, распаднати плотови итн) со што местото добива поинаков-поубав изглед. Исто така, во центарот на селото на селското игралиште ќе се изградат трибини (места за седење) со што за младите (но и повозрасните) ќе  се создадат услови за негување на подзаборавениот т.н. маалски живот.

Thumbnail imageThumbnail image

Thumbnail image
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2119
mod_vvisit_counterВчера2141
mod_vvisit_counterОваа недела7140
mod_vvisit_counterПретходна недела19305
mod_vvisit_counterОвој месец65326
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3320852

Присутни online: 49
Ваша IP: 18.232.125.29
,
Денес: Фев 26, 2020