Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Градоначалникот на Делчево во посета на студентите на Американскиот универзитет во Благоевград

Печати PDF
Thumbnail image
Градоначалникот на Општина Делчево, Г-дин Горан Малешевски оствари работна посета и средба на Американскиот универзитет во Благоевград  со Претседателот на Универзитетот Др. David Huwiler и Проф. Д-р Cyrus Reed прв заменик и ректор на Универзитетот. Американскиот универзитет во Благоевград е реномирана висоско-школска установа која ја посетуваа околу 1400 студенти од голем број на држави од целиот свет помеѓу кој 25 студенти од Р.Македонија.  
Во рамките на посетата беше реализирана средба со студентите од Делчево  со цел градоначалникот лично да ги запознае и да  се запознае со условите во кои живеат и студираат, како и да се слушнат нивните потреби, можности и начини на кои може да им помогне општината. Градоначалникот лично се увери во високите стандарди и одличните можности коишто ги имаат студентите на овој универзитет посетувајќи го универзитетскиот кампус, библиотеката, амфитетатри и другите објекти кои се на располагање на студентите.
Од страна на Претседателот на универзитетот, Градоначалникот беше запознаен со начините за упис и со можностите кои ги нуди овој реномиран универзитет. Како заклучок од оваа средба произлезе да се разгледаат можностите за соработка помеѓу општината и универзитетот и на првата наредна средба која треба да се случи веке на 7 октомври во Делчево, универзитетот да подготви презентација за средношколците од Делчево и регионот. Исто така, беше разгледана и можноста за  студиски посети како и спроведување на професионална пракса на студенти од Американскиот универзитет во Општина Делчево и регионот. Нескриено беше задоволството од иницијативата на градоначалникот на Општина Делчево да го посети универзитетот, како од страна на раководството на универзитетот, така и од страна на студентите од Делчево кои се дел од овој универзитет.
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2220
mod_vvisit_counterВчера2141
mod_vvisit_counterОваа недела7241
mod_vvisit_counterПретходна недела19305
mod_vvisit_counterОвој месец65427
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3320953

Присутни online: 39
Ваша IP: 18.232.125.29
,
Денес: Фев 26, 2020