Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Новата спортска сала прерасна во епицентрално подрачје на многу спортски случувања во Делчево

Печати PDF

Thumbnail image

Изминатиот викенд, во новата спортска сала, во дворот на СОУ „М.М.Брицо“ во Делчево, љубителите на добрата спортска претстава, можеа да присуствуваат на  неповторливи спортски настани. Се играше одбојка, ракомет, кошарка. Во извонредната атмосфера во текот и на двата викенд - денови, во салата продефилираа повеќе екипи низ одлични натпревари:

Thumbnail imageThumbnail image

Thumbnail image

1.Во саботата со почеток во 10.00 часот машките и женските екипи на СОУ „М.М.Брицо“ од Делчево и СОУ „Ацо Русковски“ од Берово во ракомет одиграа исцрпувачки натпревари во кои подобри беа натпреварувачите од Берово.  Иако ова е прв јавен настап на екипите од Делчево, тие се покажаа во одлично светло и беа достоен противник на спортскиот ривал од Берово.

Thumbnail imageThumbnail imageThumbnail imageThumbnail imageThumbnail imageThumbnail image

На почетокот се одигра натпреварот во одбојка помеѓу овие две училишта во кој  поуспешна беше екипата од Делчево со резултат 2 наспрема 1 во сетови за домашните. Она што е за позитивно изненадување е неверојатниот талент на учениците од СОУ „М.М.Брицо“, кој го имаат кај себе, но сепак недостасува напорна и систематска долготрајна работа и градење на тимскиот дух на екипите за да истите почнат да бележат и резултатски успеси.
Thumbnail imageThumbnail imageThumbnail imageThumbnail imageThumbnail imageThumbnail imageThumbnail imageThumbnail image

2.Во недела се одиграа 2 кошаркарски натпревари во рамките на кадетското првенствено натпреварување за жени генерација 1997 и помлади. Екипата на КК „Вигор“ од Скопје ја совлада екипата на КК „Клубски“ од Делчево со 60 наспрема 50 постигнати поени. Најдобар поединец кај домашните кошаркарки беше Дијана Антовска со 30 постигнати поени.

Thumbnail imageThumbnail imageThumbnail imageThumbnail imageThumbnail imageThumbnail image

Она што одекна во македонскиот кошаркарски простор викендов е Првата победа на најновата екипа во рамките на Прволигашкото натпреварување организирано од Кошаркарската федерација во Македонија.  

Thumbnail image

Во Делчево, екипата на КК „Клубски“ ја совлада екипата на КК „Студент“ со резултат 74 наспроти 65 поени. Невидена еуфорија проструи во новата спортска сала во Делчево помеѓу многубројната присутна публика на трибините во текот на натпреварот. Победничката атмосфера ги исполни срцата на сите присутни додека најголема беше еуфоријата и радоста кај домашните кошаркарки на КК „Клубски“. Незапирливиот и фуриозен квартет на КК „Клубски“ овозможи епохална победа (со оглед на фактот на 4-ти натпревар на оваа екипа во рамките на врвното прволигашко натпреварување во кошарка во Македонија во конкуренција на најдобрите екипи од целата држава).

Даниела - Даца Вучковиќ со постигнати 25 поени, Симева Верица со постигнати 14 поени, Горчилова со постигнати 13 и Гавриловска со постигнати 10 поени ја предводеа екипата до првата победа на КК „Клубски“ на теренот, но не изостана и одличната колективна игра и организација на сите играчи, на партерот во салата. Огромно беше задоволството на публиката која во секој чекор ги следеше натпреварувачките на теренот, и со секој нивни здив се соживуваше, за да на крај  се радуваат заедно на оваа величествена победа.

Оваа публика која беше присутна во салата сигурно е "гладна" за вакви и слични победи кои со упорна и истрајна работа на делчевските спортисти сигурно во иднина ќе се нижат во поголем број, се со цел на поголема спортска афирмација на општина Делчево во рамките на Република Македонија, со оглед на огромниот расположив потенцијал на таленти за спортски натпреварувања, на високо ниво.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2327
mod_vvisit_counterВчера2405
mod_vvisit_counterОваа недела2327
mod_vvisit_counterПретходна недела19029
mod_vvisit_counterОвој месец57431
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3312957

Присутни online: 42
Ваша IP: 3.218.67.1
,
Денес: Фев 23, 2020