Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Хет трик на КК Клубски во рамките на прволигашкото натпреварување

Печати PDF

Thumbnail image

Со трета победа по ред на КК „Клубски“,  во саботата на  20.11.2010 година,  во новата спортска сала во Делчево, се одигра прволигашкиот натпревар меѓу КК „Клубски“ и КК „Трокал“, во рамките на Шестото првенствено коло.

Thumbnail imageThumbnail image

Натпреварот започна во 16.00 часот. Кошаркарките на КК „Клубски“ фуриозно го започнаа  натпреварот, со поголема кош-разлика, која ја одржуваа се до крајот на натпреварот, која на моменти достигаше и 15 поени разлика, во корист на домашните. Надмоќта на теренот се чувствуваше буквално во секој аспект на играта на кошаркарките на КК „Клубски“. Одличната техничка подготвеност, играта во партер и на линијата за три поени, беспрекорната физичка подготвеност, како и во проигрувањата и доминацијата во скоковите, резултираше и во резултатска доминација на кошаркарките на КК „Клубски“.

Thumbnail imageThumbnail imageThumbnail imageThumbnail image

Евидентно послабиот противник успеваше на моменти да се доближи до 5 поени разлика, како резултат на изнудените слободни фрлања и прекршоци во играта. Водечката петорка на КК „Клубски“ едноставно блескаше на теренот со својата феноменална изведба, со што изнудуваа бурни овации од публиката во преполната сала во дворот на СОУ „М.М.Брицо“, кај која евидентно беше задоволството, победничкиот дух и расположение .

Thumbnail imageThumbnail image

Ангелова со 24 поени и Вучковиќ со 16, беа вистински предводници на играта на домашниот тим. Со оваа победа КК „Клубски“ се наоѓа на 6-та позиција на табелата. Наредниот натпревар од наредното коло КК „Клубски“ го игра во гости со екипата на КК „Младинец“.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2244
mod_vvisit_counterВчера2405
mod_vvisit_counterОваа недела2244
mod_vvisit_counterПретходна недела19029
mod_vvisit_counterОвој месец57348
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3312874

Присутни online: 48
Ваша IP: 3.218.67.1
,
Денес: Фев 23, 2020