Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Промоција на филмот "Деветте вретена на Јана"

Печати PDF
Thumbnail image

Во сабота, на 20.11.2010 година,  со почеток во 19.00 часот, во фоајето на Спомен-домот „АСНОМ“ во Делчево, се одржа промоција и видеопроекција  на филмот "Деветте вретена на Јана". Овој настан беше одржан во предвечерјето на големиот христијански празник Св.Архангел Михаил, со посебна симболика и поврзаност со истиот.

Thumbnail image

Thumbnail imageThumbnail image

Имено, овој празник се празнува со голема слава кај црквата „Св.Архангел Михаил“ во с.Драмче, селото од каде потекнува надалеку и во светски размери прочуеното оро Копачка. Токму овој филм се однесува на Фолклорната група „Копачка“ од с.Драмче, и во него се третираат содржини поврзани со оваа делчевска фолклорна група. Вовед кон промоцијата на филмот даде Димитар Узунски, по што беше проследена видеопроекција на истиот. Промотор на филмот беше неговиот автор, магистер Тихомир Стојановски кој воедно е и професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Тој и Димитар Узунски-раководителот на ФГ „Копачка“ од с.Драмче, дадоа свои критички осврти кон документарното филмско дело.

Thumbnail imageThumbnail image

Пијанечкиот крај е богат и познат по својот фолклор, кој со огромна почит и љубов е чуван од неговите носители со децении наназад, преку широк ентузијазам и посветеност на редица фолклорни друштва на својата територија. Еден од најистакнатите носители на ова културно богатство е и Димитар Узунски кој автентично, пред присутните, сподели дел од своето работно искуство, како и позитивните впечатоци од филмот.

Thumbnail imageThumbnail image

Професорот Стојановски ја истакна улогата на ова значајно дело за македонскиот фолклор воопшто, како поврзувачка нишка на минатото со иднината преку традицијата и народните обичаи, во современието во кое живееме. Навраќајки се на неколку познати историски факти и личности, професорот преку симболиката на песната "Деветте вретена на Јана", нејзиното етимолошко потекло го истакна уште во антиката преку компарација со деветте музи во грчката митологија. За крај професорот ја наведе потребата од негување, и зачувување на етнолошките придобивки од минатото, како личен идентитет и препознатливост на македонскиот народ, во семејството на европски народи.
Филмот "Деветте вретена на Јана" е испратен на претселекција на повеќе европски фестивали за документарен филм, како и во архивата на Обединетите нации, како документарен материјал од Република Македонија. Нескриено беше задоволството на публиката што имаа чест да присуствуваат на оваа промоција и тоа заедно со актерите на филмот-Фолклорната група „Копачка“ од с.Драмче.

Thumbnail imageThumbnail image

Во рамките на настанот беше образложена накусо реализацијата на двата проекти кои беа помогнати од страна на Министерството за култура на Република Македонија, како проекти од значаен интерес за Владата на Република Македонија, вклучени во програмата за реализација за 2010 год. Носител на овие два проекти е ЗРА „Пијанечки глас“ Делчево, во соработка и поддршка од страна на ЕЛС Делчево, и други поединци. Со оваа проекција како и настапот на ФГ „Копачка“ на Соборот кај црквата „Св.Архангел Михаил“-наредниот ден се заокружува реализацијата на овие проекти.

За крај на настанот ФГ „Копачка“ с.Драмче приреди пригодна културно-уметничка програма, пред присутните.

Организатор на овој настан беа ЗРА „Пијанечки глас“ Делчево и ЗФГ „Копачка“ с.Драмче, во соработка со Градоначалникот на општина Делчево, г-дин Горан Малешевски.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2265
mod_vvisit_counterВчера2141
mod_vvisit_counterОваа недела7286
mod_vvisit_counterПретходна недела19305
mod_vvisit_counterОвој месец65472
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3320998

Присутни online: 52
Ваша IP: 18.232.125.29
,
Денес: Фев 26, 2020