Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Формиран Младинскиот парламент на општина Делчево

Печати PDF
Thumbnail image
Во понеделник, на 22.11.2010 год, во Малата конференциска сала на Спомен-домот „АСНОМ“ во Делчево, се одржа првата свечена конститутивна седница на Младинскиот парламент на општина Делчево.

Ова структурно тело е формирано со иницијатива на Коалицијата на невладини организации СЕГА, во соработка со Општина Делчево и други организации од општината. На формирањето на Младинскиот парламент му претходеше формирање на координативно тело за организација на работата на овој парламент. Во координативното тело партиципираат 7 членови кои заедно со уште 14 членови заедно го сочинуваат Младинскиот парламент.

Thumbnail image

Во младинскиот парламент влегуваат претставници од сите релевантни групи, здруженија, организации на младите во општина Делчево,  претставници на средношколците, студентите, од етничките заедници од општината,  како и претставници на подмладоците на двете најмногубројни политички партии по застапеност во Советот на општина Делчево.

Членовите на Младинскиот парламент на почетокот дадоа свечена изјава за својот иден ангажман и на свечената седница го усвоија деловникот за работа на ова тело.

Thumbnail image

Претседателот на Коалиција СЕГА г-дин Зоран Илиевски даде кратко образложение за значењето и потребата за формирањето на ова тело, како и идната улога која Младинскиот парламент би ја имал во иднина. Од името на Советот на Општина Делчево успешна и плодна работа им посака претседателот на Советот на општина Делчево, г-дин Тони Трајановски.

Thumbnail image
Thumbnail imageThumbnail image

Градоначалникот на Општина Делчево, г-дин Горан Малешевски кој од објективни причини не можеше да присуствува на свечената седница, преку писмена изјава која беше прочитана на седницата ја поздрави иницијативата за формирање на ова значајно тело за младите во општина Делчево, и им порача на младите преку конкретни свои иницијативи да допринесат за развојот на општина Делчево, во што ќе ја имаат неговата целосна поддршка и соработка.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2131
mod_vvisit_counterВчера2141
mod_vvisit_counterОваа недела7152
mod_vvisit_counterПретходна недела19305
mod_vvisit_counterОвој месец65338
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3320864

Присутни online: 53
Ваша IP: 18.232.125.29
,
Денес: Фев 26, 2020