Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Напредува изградбата на патот за с.Вратиславци

Печати PDF
Thumbnail image

Со тешка градежна механизација на изведувачот ГД „Гранит“, напредуваат градежните земјени работи околу трасирањето на патот кон с.Вратиславци. Станува збор за интензивно пробивање и изградба на планумот на профилот на патот, којшто е веќе во поодмината фаза.

Thumbnail imageThumbnail image
Thumbnail image

На одредени делови извршено е потребното тампонирање и машинско збивање до постигање на неопходната кохерентност на носивата подлога во трупот на патот. Градежните работи подразбираат во целост трасирање и асфалтирање со асфалт на делница во должина од 8 километри. Со оваа делница на овој пат се воспоставува сообраќајна комуникација на с.Вратиславци, но и околните сопственици на викенд куќи, како и останати деловни објекти од помал карактер, со што се решава еден од најосновните горливи проблеми со кои се соочува локалното население во овој дел на општина Делчево.

Thumbnail image
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2319
mod_vvisit_counterВчера2405
mod_vvisit_counterОваа недела2319
mod_vvisit_counterПретходна недела19029
mod_vvisit_counterОвој месец57423
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3312949

Присутни online: 46
Ваша IP: 3.218.67.1
,
Денес: Фев 23, 2020