Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Населбата Ѕвегорска река започна да добива лик на вистинска урбана населба

Печати PDF

Thumbnail image

Со изградбата на кејот на Ѕвегорска Река која поминува низ истоимената приградска населба во Делчево, се започна со решавање на повеќегодишните проблеми кои го отежнуваат животот на населбата со децении наназад.. Со уредувањето на земјиштето и изградбата на Кејот на Ѕвегорска река, во огромна мерка ке се подобрат животните услови на оваа населба.

Thumbnail image
Ова е само прва фаза на реализација на понатамошни планерско- проектни активности, за целосно уредување на основната инфраструктура на оваа населба. Нерешените имотно-правни односи и узурпацијата на земјиштето, конечно, започнаа интензивно да се решаваат. Со новиот лик на уреденото корито на Ѕвегорска Река и решавањето на инфраструктурните проблеми, оваа населба како да се препородува и конечно се буди од западнатата летаргија и безнадежност во смисла на решавање на инфраструктурните проблеми, и тоа од повеке аспекти. На иницијатива на ново-избраната  урбана заедница на жителите на оваа населба, со интензивни разговори, консултации и планирања, во изминатите два месеци започна  изведбата на градежните работи во овој дел.
Thumbnail imageThumbnail image
Технологијата за поставување на речни габиони од природен камен, се покажа доста функционална алатка за разрешување на овој проблем во населбата. Изградбата на кејот се одвива во соработка со урбаната заедница, ЈПКД „Брегалница“, како и Општина Делчево и Градоначалникот, г-дин Горан Малешевски. Со директна иницијатива на самопомош жителите на „Ѕвегорска Река“ се вложија себеси во изградбата на кејот, изнесувајќи јасен став дека повеќе не сакаат да живеат во неподносливи услови за живот. Секако, од огромно значење е поддршката и соработката со Локалната самоуправа на Општина Делчево (во финансиски поглед) и Комуналното претпријатие. Ваквата иницијатива е одличен сигнал и индикатор за успешно функционирање на институциите на ЕЛС Делчево на сите нивоа-практика која ќе се спроведува и во иднина.

 

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2212
mod_vvisit_counterВчера2141
mod_vvisit_counterОваа недела7233
mod_vvisit_counterПретходна недела19305
mod_vvisit_counterОвој месец65419
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3320945

Присутни online: 34
Ваша IP: 18.232.125.29
,
Денес: Фев 26, 2020