Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Центарот на с.Вирче добива нов, поубав изглед

Печати PDF

Thumbnail image

По изградбата на новиот мини-плоштад, каj чешмата, со скулптура на човечки лик, како и претходната изградба на уште една чешма и водопоило, канализирање на сите подземни води кои излегуваа на површина во центарот на селото Вирче и изградбата на тротоар,  Општина Делчево започна со изградба на нова ограда на селската црква и уредување на просторот околу неа.

Thumbnail imageThumbnail image
Thumbnail image

Со градежните работи на оградата на црквата се добива нов  изглед на централното подрачје на селото и еден репрезентативен простор, кој ја истакнува местоположбата на црквата, како и значењето на овој верски објект во секојдневниот живот на локалното население.

Thumbnail imageThumbnail image

 

По завршувањето на овој градежен зафат, кај дворното место на Црквата „Св.Никола“, градежните екипи ќе продолжат со уредување на просторот кај фудбалското игралиште, изградба на места за седење и трибини за игралиштето, со што би се заокружила една целина на ревитализиран и пристоен  центар на оваа преубава селска средина.

Изведувач на работите е ЈПКД „Брегалница“, со финансиски средства обезбедени од ова јавно претпријатие како и ЕЛС Делчево.

Thumbnail imageThumbnail image

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2234
mod_vvisit_counterВчера2405
mod_vvisit_counterОваа недела2234
mod_vvisit_counterПретходна недела19029
mod_vvisit_counterОвој месец57338
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3312864

Присутни online: 42
Ваша IP: 3.218.67.1
,
Денес: Фев 23, 2020