Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Општина Делчево присутна на националната конференција за рурален развој и подршка за руралните средини во Европа после 2013 год.

Печати PDF

Thumbnail image

Делегација на Општина Делчево, предводена од Градоначалникот, г-дин Горан Малешевски учествуваше на националната конференција за рурален развој и поддршката на руралниот развој по 2013, која се одржа во Лажне Белохрад, Република Чешка.

Thumbnail imageThumbnail image

На конференцијата беа отворени голем број на прашања поврзани со руралниот развој и тоа преку три посебни работилници:

  1. Регионалното производство, потрошувачка и нивното влијание врз локалните односно регионалните економии;
  2. Животот во руралните средини по 2013 - социјалниот аспект на животот во руралните средини, поддршка на вработувањето и квалитет на услуги во руралните области, спречување на одлив на луѓе од руралните средини, донесување на програми за рурален развој кои ќе дадат дополнителен придонес за развој на руралните области;
  3. Заштита на климата и земјоделските површини, земјоделството во моментот и по 2013 година, како и управување со земјоделското земјиште  и другите јавни добра.

Општина Делчево ја претстави подстратегијата за рурален развој на општина Делчево како и улогата на мрежата за рурален развој на Р.Македонија каде општината е член.

Цел на ова учество беше воспоставување на конкретна соработка и изнаоѓање на партнерство со Локална акциона група од Р.Чешка заради заедничко подготвување и имплементирање на проекти. Воспоставена е соработка со Локалната акциона група од местото Хранице и договорени се неколку активности: Посета на делегација од Хранице на општина Делчево во јануари 2010 година, на која  делегацијата од Чешка ќе може да се запознае со можностите кои ги нуди општина Делчево и можни теми на соработка, потпишување на Меморандум за соработка, мапирање и подготовка на проект кој треба да биде имплементиран заеднички помеѓу двете општини и двете локални акциони групи.

Thumbnail imageThumbnail image

На оваа конференција, покрај делегација од Делчево- Р.Македонија, беа присутни и претставници од Р.Хрватска. И двете делегации беа поканети како претставници на земји кандидати за членство во ЕУ, а Р.Чешка  беше домаќин и земја-ментор задолжена за Р.Македонија и Р.Хрватска.

Покрај учеството на конференцијата, делегацијата од Делчево оствари средба и со амбасадорот на Р.Македонија во Чешка, неговата екселенција Игор Илиевски. На средбата беше претставена идејата на општината, како и активностите кои се преземаат во делот на руралниот развој. Амбасадорот ја истакна својата подготвеност за секаков вид на поддршка и помош, а во рамките на ингеренциите на Амбасадата.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2319
mod_vvisit_counterВчера2405
mod_vvisit_counterОваа недела2319
mod_vvisit_counterПретходна недела19029
mod_vvisit_counterОвој месец57423
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3312949

Присутни online: 45
Ваша IP: 3.218.67.1
,
Денес: Фев 23, 2020