Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Актуелно од Основното општинско училиште Св.Климент Охридски од Делчево

Печати PDF

Thumbnail image

ООУ „Св.Климент Охридски“ Делчево е централно основно училиште во чиј состав се наоѓаат 5 подрачни училишта со околу 762 ученика и 100 вработени (наставници, стручни служби и помошно-технички персонал).

ООУ„Св.Климент Охридски“ Делчево ги следи современите текови на менаџерско и тимско работење и организирање на наставата.

Thumbnail image

ООУ „Св.Климент Охридски“ Делчево ја следи програмата на Министерството за образование на Република Македонија и Бирото за развој на образованието и е вклучено во ,,Проектот за модернизација на образованието„.  Во рамките на истиот во првата и втората фаза  се обезбедени (добиени) се средства во висина околу 40.000 евра. Истите се искористени за реновирање на санитариите во ПУ с.Град, просторија (под, прозори, варосување) во ПУ с.Тработивиште, под на една училница (винфлекс) во ПУ с.Град и една училница во централното училиште. Извршена е замена на 18  прозорци од дрвена столарија со алуминиумска стоарија и термопан стакло во централното училиште. Набавени се нагледни средства по сите наставни предмети и распределени се кај предметните наставници..

Thumbnail image

Дел од средствата се искористени за професионален развој на наставниците и тоа: Вештини на комуникација, Инклузија-работа со ученици со посебни потреби во редовната нстава,Тимска работа, Примена на современи техники и методи на учење, раководење со проекти. За подобрување на квалитетот во наставата покрај инсталираните компјутери од програмата на Министерството за образование и наука „Компјутер за секое дете“ тимот за модернизација изработи апликација за проект „Лабораторија на 21 век по Техничко образование“, кој е одобрен од УСАИД и  кабинетот веќе се комплетира. Истиот има за цел поттикнување на учениците уште од рана возраст да пројават интерес кон техничките науки и производството. Професионалниот развој секојдневно се зголемува преку семинари организирани од Министерството за образование и наука на РМ и Бирото за развој за образованието на РМ. Во рамките на истите, сите наставници се обучени за примена на содржини од „Животни вештини“-содржини кои имаат воспитен карактер, а се  реализираат на часот на одделенската заедница, примена на образовната програма „Тул Кид“ која се реализира со примена на компјутерите во одделенска натава. Наставниците од одделенска настава се обучени за примена на Intel classmate компјутери во наставата и користење на електронските содржини преку компјутерите и интернет.

Thumbnail image

Со помош на расположливата техника (компјутери, ЛЦД проектори, екран-платна, електронски микроскоп, којшто е подарок од фондацијата „Тоше Проески“,  самите наставници меѓусебно си разменуваат искуства од стекнатите знаења од посетените семинари и одржуваат работилници за учениците, што е еден од повисоките и посовремените облици на реализација на наставата во основното образование и организираност на наставниците. На полето на екологијата во училиштето работи ЕКО-тимот и ЕКО- секцијата, кои во рамките на своите активности изработија повеќе проекти, а со два аплицира и тоа проектот: „Вози велосипед“-заштита на воздухот од загадување и проектот, „Штедење на електричната енергија,“ кој има за цел да се штеди потрошувачката на електричната енергија во училиштето.

Thumbnail image

Со овие проекти обезбедени се 3 велосипеди, сообраќајни знаци, рампа за паркирање велосипеди, извршена е промоција на примена на велосипедите како сообраќајно и рекреативно средство, обезбедени се 2 соларни бојлери, со капацитет од  140 литри, 4 сензорски чешми, водоводна инсталација со приклучни елементи во должина на 80м и промоција за користење на топлата вода од соларните бојлери. Овие проекти се реализирани во соработка на ОХО-здружение на граѓани Скопје и Локалната самоуправа..

Thumbnail image

Проектите и активностите се со цел да ја заштитиме планетата земја од загадување бидејки ,„Немаме резервна планета“. Секој наставник е должен по својот наставен предмет да реализира содржини во кои е вградена екологијата. За спроведените активности во рамките на екологијата училиштето е наградено со прва награда „Зелено знаме“ од ОХО-Здружение на граѓани Скопје.

Текстот е овозможен од вработените на ООУ Св.Климент Охридски
Благодарност за соработката
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2118
mod_vvisit_counterВчера2405
mod_vvisit_counterОваа недела2118
mod_vvisit_counterПретходна недела19029
mod_vvisit_counterОвој месец57222
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3312748

Присутни online: 50
Ваша IP: 3.218.67.1
,
Денес: Фев 23, 2020