Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Започна реализацијата на поголеми градежни зафати во дворот на СОУ М.М.Брицо

Печати PDF

Thumbnail image

Со тешка градежна механизација, започна реализацијата на изградбата на повеќе градежни објекти во дворот на Средното општинско училиште „М.М.Брицо“ во Делчево, а истовремено  започна и последната делница од изградбата на оградата на ова училиште, која започна пред повеќе од една година.

Thumbnail imageThumbnail image

Во рамките на градежните работи планирано е изградба на трибини на отвореното мултинаменско игралиште, во дворот на гимназијата, над новата спортска сала. Трибините се со капацитет од 200 гледачи. Притоа партерно ќе биде уредено и земјиштето околу игралиштето, како и патеката за трчање околу истото.

Стартуваше и изградбата на пристапна улица до новата спортска сала, од улицата над гимназијата до влезот на салата, со што оваа спортска арена ќе добие завршена сообраќајна комуникација со околните улици во градот.

Исто така, планирана е изведба на нов канализационен приклучок на постојниот канализационен систем на новата спортска сала.

Thumbnail imageThumbnail image

Започна и реализацијата на првата фаза од градежните работи-тампонирање на нов паркинг-плац над училиштето, со капацитет од 60-тина возила. Изградбата и  на овој паркинг ќе придонесе  за намалување на бројот на паркираните возила од страна на вработените во околните институции, кои немајќи соодветен простор за паркирање, своите возила ги паркираат на ул. „М.М.Брицо“, со што сериозно се заканува нарушување на безбедноста во сообраќајот, за учениците и граѓаните кои гравитираат кон овој дел на градот. Со изградбата на овој паркинг, ќе се реши еден горлив проблем на граѓаните, за кој и за чие решавање,  во неколку наврати, е дискутирано во рамките на состаноци на Советодавната граѓанска група во Делчево.

Thumbnail imageThumbnail image

Thumbnail image

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2159
mod_vvisit_counterВчера2405
mod_vvisit_counterОваа недела2159
mod_vvisit_counterПретходна недела19029
mod_vvisit_counterОвој месец57263
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3312789

Присутни online: 38
Ваша IP: 3.218.67.1
,
Денес: Фев 23, 2020