Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Машината наречена КК Клубски "гази" се пред себе

Печати PDF
Во среда, на 08.12.2010 година  во Скопје, се одигра заостанатиот натпревар од 7-то коло од Првата женска кошаркарска лига, помеѓу КК „Клубски“

и КК „Младинец“ од Скопје. Притоа екипата на КК „Клубски“ ја забележа својата 5-та победа од оваа полусезона, со која дрско и недвосмислено, резултатски и во надмоќ на теренот го "прегази" шампионот од минатата сезона, сред Скопје, на нивни терен  пред нивна публика. Гостинската екипа од Делчево во поголемиот дел од натпреварот, според информациите, ја имала контролата над играта и над резултатот водејќи понекогаш и со 15 поени разлика над актуелниот шампион -екипата на КК „Младинец“ од Скопје. Резултатот, по регуларниот истек на времето за игра, бил нерешен со што се играле продолженија, во кои екипата на КК „Клубски“ победила со резултат 65 наспрема 64. Со оваа победа екипата на КК „Клубски“ се искачи на 4-тата позиција на табелата од ова прволигашко натпреварување, што претставува своевидно изненадување на целата спортска и стручна јавност во Македонија. Ова е првпат екипата на КК „Клубски“ да се натпреварува во елитата на македонската кошарка и воопшто првпат екипа од Делчево рамо до рамо да се натпреварува со најдобрите во својата конкуренција во државата притоа да биде поуспешна од нив.

Дефинитивно, кошарката и воопшто спортот во Делчево, вртоглаво брзо оди по нагорна линија.

Во сабота на  11.12.2010 година, екипата на КК „Клубски“ го игра последниот натпревар од оваа полусезона, против лесниот противник „Водњански лисици“ од Скопје.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2265
mod_vvisit_counterВчера2405
mod_vvisit_counterОваа недела2265
mod_vvisit_counterПретходна недела19029
mod_vvisit_counterОвој месец57369
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3312895

Присутни online: 36
Ваша IP: 3.218.67.1
,
Денес: Фев 23, 2020