Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Вапцарови бранувања по 3-ти пат во Делчево

Печати PDF

Thumbnail image

Во среда на  08.12.2010 година, Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“, со низа  свечености и манифестации го одбележа празнувањето во чест на својот патрон..

.

Thumbnail image

Thumbnail imageThumbnail image

Празнувањето започна со полагање на свежо цвеќе пред споменикот на Никола Ј.Вапцаров еден од најголемите македонски поети и читање на поезија во негова чест, пред Спомен - домот „АСНОМ“ во Делчево, во 11.30 часот. Програмата продолжи во малата конференциска сала со читање на делови од биографијата на поетот, како и рецитал во негова чест, проследен со изведба на класични дела на пијано, во интерпретација на младиот и талентиран Ненад Цоневски од Делчево.

Thumbnail imageThumbnail image

Потоа, програмата продолжи со соопштување на победничките песни пријавени на објавениот конкурс за поезија кој НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ го објавува во последните три години. За крај, дневната програма заврши со читање на поезија од Вапцаров.

Thumbnail imageThumbnail image

Во 18.00 часот одбележувањето продолжи со Свечена академија посветена на Вапцаров, со читање на поезија, интерпретација на поетски дела од Вапцаров,  пригоден рецитал подготвен за оваа пригода, како и богата културно-уметничка програма, во која настапија културно-уметничкото друштво при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“, оркестарот на староградска песна „Делчевски еснафи“ и женската пејачка група „Ѓурѓа“, како и членовите при балетското студио  во оваа национална установа.

Thumbnail imageThumbnail image

Thumbnail imageThumbnail imageThumbnail imageThumbnail imageThumbnail imageThumbnail imageThumbnail image

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2152
mod_vvisit_counterВчера2141
mod_vvisit_counterОваа недела7173
mod_vvisit_counterПретходна недела19305
mod_vvisit_counterОвој месец65359
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3320885

Присутни online: 44
Ваша IP: 18.232.125.29
,
Денес: Фев 26, 2020