Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Се одржа 17-та седница на Советот на општина Делчево

Печати PDF
Thumbnail image
На 06.12.2010 година, Советот на Општина Делчево ја одржа својата 17.редовна седница. На дневен ред на 17.седница на Советот беа предложени 7 точки и тоа:

1.Предлог - Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка;

Образлагач: Весна Илиевска, Советник за ЛЕР.

2. Предлог-Одлука за за изведување на градба;

Образлгач: Ѓорѓи Јанковски - Раководител на Одделението за урбанизам, уредување и одржување на градежно земјиште и заштита на животна средина.

3. Предлог - Одлука  за определување на средства за набавка на новогодишни пакетчиња; Образлагач: Здравко Мирчевски - Раководител на Одделението за човечки ресурси, прани и општи работи.

4. Предлог-Одлука за обезбедување на финансиска поддршка на ЗГ Регионален центар за застапување - Делчево, за проект од областа на енергетската ефикасност во с. Тработивиште;

Образлагач: Тони Стоименовски - Советник за поддршка на работата на Градоначалникот.

5. Предлог - Одлука за утврдување на потреба за изработка на ЛУПД за изградба на повеќенамено игралиште на локалитет „Стар Расадник“ к.п. бр.6393, к.п.бр.6394 и дел од к.п. бр.6395/1 КО Делчево, ул. „М.Х.Јасмин“ во Општина Делчево;

6. Одлука за давање на користење просторија со надомест во објект Стар Противпожарен дом-соспственост на Општина Делчево

7. Прашања и предлози на членови на Совет.

Thumbnail imageThumbnail image
Во врска со првата точка Весна Илиевска рече дека на претходната седница Советот донел одлука за прифаќање на предлогот за воспоставување на меѓуопштинска соработка, а оваа Одлука е следен чекор и претставува Одлука за формално воспоставување на меѓуопштинска соработка, со што Општината ќе ја има во Регистарот на Министерството за локална самоуправа.
Финансиското учеството на Општините и др.детали ќе бидат прецизирани во основачкиот акт. Во врска со втората точка,  Советот на Општина Делчево одреди локација, во градскиот парк, пред Спомен-домот „АСНОМ“, на која ќе биде поставена скулптура-донација од Фондацијата „Љубчо Ѓеорѓиевски“. Повеќе интерес и дискусија кај советниците предизвика Одлуката  за определување на средства за набавка на новогодишни пакетчиња, која неколку години по ред ја донесува Советот на Општина Делчево и со која се обезбедуваат средства за набавка на новогодишни пакетчиња за децата од Детската градинка, учениците од осумгодишно образование (деца од I до IV) и  и учениците од деветгодишно образование (деца од I до V  одделение) од ОУ „Ванчо Прке“; -учениците од осумгодишно образование (деца од I до IV) и  и учениците од деветгодишно образование (деца од I до V  одделение) од ОУ „Св. Климент Охридски“; Мира Стојчевска од СДСМ предложи во одлуката да бидат вметнати и деца на социјално загрозени семејства до 6 години, што беше прифатено од сите членови на Советот.
Thumbnail image
Во врска со Предлог-Одлуката за обезбедување на финансиска поддршка на ЗГ Регионален центар за застапување - Делчево, за проект од областа на енергетската ефикасност во с. Тработивиште, Секретарот на О.Делчево, г-дин Здравко Миречевски, истакна дека со оваа одлука се определуваат средства во висина од 25% од вкупниот износ на проектот или (6000 долари) кои треба да ги обезбеди Општината за финансирање на проектните активности. Станува збор за проект од областа на енергетската ефикасност за  уредување на селскиот јаз со бетонски канали и искористување на  водата како ресурс за производство на електрична енергија, која ќе има за цел да ги задоволи потребите за јавно осветлување во с. Тработивиште. Вкупната вредност на проектот е 25000 долари. Со Предлог - Одлуката за утврдување на потреба за изработка на ЛУПД за изградба на повеќенамено игралиште на локалитет „Стар Расадник“ к.п. бр.6393, к.п.бр.6394 и дел од к.п. бр.6395/1 КО Делчево, ул. „М.Х.Јасмин“ во Општина Делчево, Советот на Општина Делчево ја утврди потребата за изработка на локална урбанистичка планска документација  за изградба на повеќенаменско игралиште кое се наоѓа во „Стар Расадник„. Површината на урбанистичкиот опфат е 0.75 ха. По донесувањето на одлуката од Советот, ќе следи јавна анкета, па презентација.
Thumbnail image

Со Одлуката за давање на користење просторија со надомест во објект Стар Противпожарен дом-соспственост на Општина Делчево, се дава на користење просторија - стан бр.3 (I кат), со површина од 30 м2 во објект Стар Противпожарен дом-сопственост на Општина Делчево, што се наоѓа на ул. „Маршал Тито“. Секретарот на О. Делчево рече дека со доделувањето на социјалните станови во Општина Делчево, еден стан во стариот Противпожарен дом се ослободил и може да се издаде за домување на физички лица, а  се задолжува Комисијата за продавање  и давање на користење ствари во сопственост на Општина Делчево да определи надоместок во зависност од намената на користење на просторијата. Исто така, Комисијата за продавање  и давање на користење ствари во сопственост на Општина Делчево, се задолжува  да спроведе постапка и да ги утврди потребните критериуми, според кои истиот стан ќе биде издаден.

Седницата заврши со поставување на прашања на членовите на Советот.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2351
mod_vvisit_counterВчера2405
mod_vvisit_counterОваа недела2351
mod_vvisit_counterПретходна недела19029
mod_vvisit_counterОвој месец57455
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3312981

Присутни online: 44
Ваша IP: 3.218.67.1
,
Денес: Фев 23, 2020