Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Превземени мерки за санација на штетите од неодамнешното невреме во с.Град

Печати PDF
Thumbnail image
По неодамнешното невреме, кое ја зафати територијата на цела општина Делчево и штетите кои ги предизвика истото, беше формиран Кризен штаб на чело со Градоначалникот на Општина Делчево, за проценка на овие штети како и преземање на соодветни активности околу минимализирање на последиците од нив.
Thumbnail imageThumbnail imageThumbnail imageThumbnail image

На терен беше констатирано големо оштетување на повеќе инфраструктурни објекти во општината, помеѓу кои беше оштетен и трупот на селската улица на влезот од село Град. Имаше оштетувања и на  повеќе места на една од централните улици, која води до периферијата на т.н. „Горно маало“ од селото. Во опасност беше доведена и една од главните бандери од електродистрибуционата мрежа на селото. По направената проценка за состојбата, беше донесено идно решение за стабилизирање на косините од трупот на овие улици со габиони. Истите веднаш беа поставени, а се започна и со изградба на каскадни прегради од камења, во профилот на реката.

 

Проблемот со надојдувањето на водите во ова село постои отсекогаш, поради огромното сливно подрачје на ендеците кои се влеваат во два главни тека, со огромни количини на вода, во врнежливите периоди од годината. Дополнително проблемот е отежнат со големото еродивно дејство на водата, поради големиот стрмен наклон на теренот. Со поставувањето на споменатите габиони, во поголема мера се решава овој проблем, но, сепак, опасноста од надојдувањето на атмосферската вода во поголеми количини за селото и понатаму постои. За таа цел, потребно е да се бараат алтернативни и долгорочни решенија, за ублажување на водениот удар и можностите за поплави и оштетување на инфраструктурата.
Thumbnail imageThumbnail image
Проблемот со надојдувањето на водите во ова село постои од секогаш, поради огромното сливно подрачје на ендеците кои се влеваат во два главни текови, со огромни количини на вода, во врнежливите периоди од годината. Дополнително проблемот е обременет со големото еродивно дејство на водата, поради стрмниот голем наклон на теренот. Со поставувањето на споменатите габиони се решава во поголема мера овој проблем но сепак опасноста од надојдувањето на атмосферската вода во поголеми количини за селото и понатаму постои. За таа цел потребно е да се бараат алтернативни и долгорочни решенија, за ублажување на водениот удар и можностите за поплави и оштетување на инфраструктурата.
Thumbnail image

Една од варијантите кои стојат на располагање е секако изградбата на мини-акумулации или поголеми каскадни прегради за прибирање на поплавниот бран од двете страни над селото, за што би биле  потребни поголеми финансиски средства и на долгорочен план би го разрешило овој проблем со кој се соочува оваа рурална заедница.

.Thumbnail image
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2097
mod_vvisit_counterВчера2405
mod_vvisit_counterОваа недела2097
mod_vvisit_counterПретходна недела19029
mod_vvisit_counterОвој месец57201
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3312727

Присутни online: 56
Ваша IP: 3.218.67.1
,
Денес: Фев 23, 2020