Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Триумфално полувреме на победничкиот поход на КК Клубски од Делчево

Печати PDF
Со одигрувањето на последниот деветти натпревар од Првата македонска кошаркарска лига за жени, екипата на КК „Клубски“ ја извојува и шестата победа по ред, триумфално со голема предност во текот на целиот натпревар, над екипата на „Водњански лисици“ од Скопје, со резултат 43:60  во корист на кошаркарките од Делчевскиот фуриозен тим.

Практично, играта на кошаркарките од Делчево доминираше во текот на целиот натпревар. Уште на  почетокот на натпреварот гостите создадоа солидна предност, со финиширање на првата четвртина со резултат о 4:14 поени, предност која во текот на натпреварот се зголемуваше и достигна до максимални 21 поени во корист на гостинските кошаркарки. Надмоќта на кошаркарките од „КК Клубски“ беше видлива и во нападот и во одбраната, во тимската работа, но и во прекрасните соло-акции, кои произлегуваа од немоќта на домашните кошаркарки, во поглед на нивната техничка подготвеност и физичка спремност.

Најуспешни во редовите на Женската фаланга од истокот на Македонија беа Вучковиќ со 21 поен, Ангелова со 13 поени, Гавриловска 10, Горговска со 9 поени, Марија Горговска со 4 и Верица Гергиевска со 2 поени.

Со овој биланс на натпревари, есенскиот дел од прволигашкото натпреварување за кошаркарките од КК „Клубски“ заврши со поволен исход. По денешното одигрување на натпреварите екипата на КК „Клубски“ е на 2 (второ) место на табелата (одложени се два натпревари на другите мечеви), веднаш зад лидерот на табелата екипата на „Вигор“ од Скопје.

Со ваквиот триумфален поход, на 6 (шест) натпревари по ред, екипата на КК „Клубски“ од Делчево, јасно им става  на знаење на останатите екипи од ова прволигашко натпреварување дека е сериозен кандидат за освојување на титулата за оваа сезона, без ниту малку респект за останатите клубови, кои се далеку поискусни  со оглед на долгогодишното учество во натпреварите од Првата лига.

На стручниот штаб на КК „Клубски“ им преостанува  да ги сумираат впечатоците од оваа полусезона и со поинтензивна и компактна работа да ја доведат играта на кошаркарките до ниво на максимум, со што би прераснале, ни помалку ни повеќе, во шампиони на Македонија за 2010/2011 година. Кошаркарките на КК „Клубски“ го заслужуваат тоа и го носат тој победнички дух во себе и навистина  се гордост на општина Делчево, нејзин достоен репрезент во Македонија.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2213
mod_vvisit_counterВчера2405
mod_vvisit_counterОваа недела2213
mod_vvisit_counterПретходна недела19029
mod_vvisit_counterОвој месец57317
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3312843

Присутни online: 55
Ваша IP: 3.218.67.1
,
Денес: Фев 23, 2020