Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Официјална службена посета на Амбасадорот на Република Словачка на општина Делчево

Печати PDF

Thumbnail image

Во службена официјална посета на општина Делчево во петок 17.12.2010 год. на покана на Градоначалникот г-дин Горан Малешевски беше амбасадорот на Република Словачка, г-динот Роберт Кирнаг.Во рамките на посетата беше остварен работен состанок во канцеларијата на Градоначалникот, на кој се разговараше за потенцијалните полиња за соработка помеѓу Делчево и амбасадата на Словачка, а воедно беше реализирана поширока општа презентација на општина Делчево.

Thumbnail imageThumbnail image

Во разговорот на г-динот Кирнаг беа потенцирани повеке можности за соработка, од страна на Градоначалникот Малешевски, во кои несомнено потенцијалните инвеститори би го нашле својот интерес за инвестирање во општина Делчево.Од друга страна амбасадорот ја изрази својата подршка , во насока на овозможување и реализирање на контакти кои се во неговиот делокруг на работење, со општина Делчево. 
Thumbnail image
Тој го спомена Друштвото (Центар) за економски развој, помеѓу Македонија и Словачка, организација која е специјализирана за спроведување на проекти финансирани од европските фондови, и особено  го нагласи нивниот интерес за  изградба на нови пречистителни и филтер станици, како и реконструкција на постоечки со најсовремена светска технологија за општините во Република Македонија. Станиците се со 5 годишна гаранција со 3 годишен период на беспладно одржување,  до 40 % поекономични во однос на оние кои веке се изградени во државата, и постои можност за вградување на соларни системи за нивно напојување со енергија. 

Thumbnail image

Понатаму амбасадорот ја спомена веќе воспоставената практика за стипендирање на ученици-студенти од Република Македонија, преку амбасадата на Словачка, во чии рамки годинава се стипендирани тринаесет студенти од понудените 20 стипендии, кои амбасадата на оваа држава ги доделува секоја година. Студентите од Република Македонија кои ке се запишат на некој државен универзитет во Словачка, воедно го добиваат и истиот третман како и домашните студенти од Словачка, каде во уставниот поредок на државата е утврдено бесплатно студирање, ослободено од партиципација, а студентите единствено си ги подмируваат трошоците за претстој, превоз, учебници и сл. Thumbnail imageВоедно амбасадорот упати апел до учениците на општина Делчево во средно образование, да ја разгледаат ваквата можност за стипендирање и студирање во Словачка, програма која нуди размена на студенти и стекнување на најсовремени европски знаења и вештини кои македонските студенти ке можат да ги применат во градењето на сопствената држава, по завршување на студиите.
Thumbnail imageThumbnail image

 

По состанокот во ЕЛС Делчево амбасадорот Кирнаг  со Градоначалникот Малешевски остварија посета на  АД Гаматроникс и Арлен каде на лице место амбасадорот имаше можност да поразговара со приватните стопанственици на овие економски чинители  во општина Делчево, за текот на производниот процес како и пазарните услови под кои работат и опстојуваат.

Thumbnail imageThumbnail image

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2162
mod_vvisit_counterВчера2405
mod_vvisit_counterОваа недела2162
mod_vvisit_counterПретходна недела19029
mod_vvisit_counterОвој месец57266
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3312792

Присутни online: 37
Ваша IP: 3.218.67.1
,
Денес: Фев 23, 2020